• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Култура

Народната Влада пред 74 години на денешен ден (03.05) ја утврди македонската азбука со 31 буква

мај 3rd, 2019 Култура коментари 1332

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Народната Влада пред 74 години на денешен ден (03.05) ја утврди македонската азбука со 31 буква

Комисијата за јазик и правопис е формирана од Президиумот на АСНОМ во ноември 1944 година со цел да поднесе предлог за азбука и правопис на македонскиот јазик.

Но, првата комисија не ги оформила целосно своите ставови, па, со извесни измени во составот на комисијата, прашањето за азбуката и правописот е решено шест месеци подоцна, на 3 мај 1945 година.

Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донесла решение за утврдување на македонската азбука која има 31 буква.

Притоа биле поставени следниве принципи:

Во македонскиот литературен јазик треба да се установат оние форми од централните говори што во најголем степен ќе ги поврзат сите наши говори и ќе бидат лесно приемливи за луѓето од сите наши краишта.

Во македонскиот литературен јазик треба до најголем степен да се изрази неговата народна основа. Речникот на литературниот јазик да се обогатува со зборови од сите наши дијалекти, да се изградуваат нови зборови со живи наставки и само колку што е потребно да се усвојуваат и туѓи заменки.

Македонската азбука да биде составена од толку букви колку што има гласови во литературниот јазик. Правописот да се изработи врз фонетскиот принцип.

Комисијата за азбука и правопис во дефинитивна форма ги формулира своите ставови во Резолуција, донесена на 3 мај 1945 година.

Современата македонска азбука се темели на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков, а некои ортографски знаци се преземени од азбуката на Вук Караџиќ иако Крсте Петков Мисирков користел знаци за истите тие гласови.

Македонскиот книжевен јазик е јужнословенски јазик со една од најстарите книжевнојазички традиции и службен јазик во Македонија. Спаѓа во групата на јужнословенски јазици со околу 3 милиони говорници во Македонија, Грција, Албанија, Бугарија, САД, Канада, Австралија и други земји. Македонскиот јазик станал официјален јазик на Народна Република Македонија во 1944 година.

Од крајот на XVI век говорниот македонски јазик почнал да се јавува во пишана форма, иако неговата современа стандардна верзија е утврдена дури во 1945 година. Низ историјата македонскиот јазик се запишувал со следните писма:

Глаголица – ранохристијанска азбука; Кирилица – или позната како старомакедонска азбука или црковномакедонска азбука; Илинденска азбука – кирилична поупоростена верзија; Македонска преродбеничка азбука – кирилична упростена верзија; Македонска абецедарска азбука – латинична македонска азбука.

Македонскиот јазик содржи ред посебни фонеми (споредено со соседите), затоа се јавува потреба од посебни македонски букви. Историски гледано, овие букви потекнуваат од 19 век. Во своето дело „За македонцките работи“, Мисирков користи комбинации од г’ и к’ за да ги претстави фонемите /ѓ/ и /ќ/. Покрај тоа, буквата i тогаш се користела каде што денес се користи ј.

Буквите љ, њ и џ гледани по облик се од српско потекло, но нивните предци се јасно илустрирани во Мисирковата книга како л’ и н’, а во порани текстови како ль и нь (како во делата на Марко Цепенков), кои очигледно служеле како инспирација за современите адаптации.

Изненадувачки, сè до крајот на Втората светска војна, овие букви спарени со меки знаци се користеле наместо денес утврдените облици. Постојат индикации дека денешниот изговор на гласот љ како лј, всушност е наметнат од северните македонски дијалекти, додека оригиналниот изговор на гласот е мекото л, односно ль, како во централно-западните дијалекти. Така во Мијачијата и други краеви сѐ уште се пишува и се изговара Лубе наместо Љубе.

Денес, буквата ѕ е единствена на македонскиот јазик, но мора да се спомене дека истата е многу постара, бидејќи постоела во старословенското писмо.

Акцентираните букви „è“ и „ѝ“ не се сметаат за посебни букви, ниту за вистински акцентирани букви (како во францускиот, на пример), туку тие се стандардните букви „е“, „и“ кои се одбележуваат со надреден знак во зборови кои имаат хомографи, за нивно разликување.

Превземено: Денешен.мк

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Предизборно обраќање на Никола Атанасов од Берово: Почитувани беровци, митрашинчање, будинарчање, русинци, ладимерци, мачевци, смојмирци, ратевци, дворишчањe...
Следна објава ЛЕВИЦА ОДЛУЧИ: Даваме поддршка за професорката Силјановска!
Може да Ве интересира:
Ако уште некој ден закаснат субвенциите, земјоделците поради инфлацијата ни апчиња за смирување нема да можат да купат
Култура

Ако уште некој ден закаснат субвенциите, земјоделците поради инфлацијата ни апчиња за смирување нема да можат да купат

јуни 4th, 2022 594
Поубава вест нема на денов: Лозано ќе пее за нова година во Битола
Култура

Поубава вест нема на денов: Лозано ќе пее за нова година во Битола

ноември 6th, 2021 780
Јадран филм поднесува кривична за злосторничко здружување на чело со премиерот Зоран Заев
Култура

Јадран филм поднесува кривична за злосторничко здружување на чело со премиерот Зоран Заев

ноември 5th, 2021 606
Дали намерно или случајно Министерството за култура ги заборави нематеријалните културни наследства впишани во УНЕСКО?
Култура

Дали намерно или случајно Министерството за култура ги заборави нематеријалните културни наследства впишани во УНЕСКО?

ноември 5th, 2021 731
ДЕНЕСКА Е ПЕТКОВДЕН, ПРАЗНИК ПОСВЕТЕН НА ПРЕПОДОБНАТА МАЈКА И ЧУДОТВОРКА ПАРАСКЕВА
Култура

ДЕНЕСКА Е ПЕТКОВДЕН, ПРАЗНИК ПОСВЕТЕН НА ПРЕПОДОБНАТА МАЈКА И ЧУДОТВОРКА ПАРАСКЕВА

октомври 27th, 2021 759
Никола Груевски со свој коментар по повод денешниот празник, за условите за формирањето на ВМРО
Култура

Никола Груевски со свој коментар по повод денешниот празник, за условите за формирањето на ВМРО

октомври 23rd, 2021 719
Златко Ориѓански прозван како "Лажго, без трошка срам"
Култура

Златко Ориѓански прозван како "Лажго, без трошка срам"

септември 15th, 2021 662
Култните Dead Can Dance со свој настап пред скопската публика и тоа не на еден туку два концерти
Култура

Култните Dead Can Dance со свој настап пред скопската публика и тоа не на еден туку два концерти

септември 14th, 2021 501
Кокино-Тврдина на сонцето- мега културен настан вреден за сечие време и внимание
Култура

Кокино-Тврдина на сонцето- мега културен настан вреден за сечие време и внимание

септември 4th, 2021 650
Жена на денот
Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

611
Маж на денот
Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

2870
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4276
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање
Матна Брегалница

Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање

Јун 3rd, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.