• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Тихомир Јанчовски: Мојот народ исчезнува. Луѓето што го зборуваат мојот јазик – ги снемува.

јуни 26th, 2019 Македонија коментари 1399

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Тихомир Јанчовски: Мојот народ исчезнува. Луѓето што го зборуваат мојот јазик – ги снемува.

Мојот народ исчезнува. Луѓето што го зборуваат мојот јазик – ги снемува. Бројот на тие што умираат е поголем од бројот на родените, а и од оние што останаа многумина се иселуваат решени да заборават кои се и од каде се. Така им е полесно. 

Ако се погледне големата слика, и шумата место дрвјата, сеедно е дали е на власт е едната или другата партија, кој е премиер или претседател, и кава е политиката – оти умирањето продолжува, и никој не мрда ни со прст ни со мисла да ја запре чумата. И не е само мојот народ, истото е и со соседите… Ние, балканските земји, во овој несреќен 21 век сме ростер за жива сила што заминува во земјите со повисок стандард и поразвиена економија, а кај нас не доаѓа никој и земјите запустуваат. Многу населби се испразнија, полињата се опустени и здивуваат, селата стануваат змијарници… Главниот проблем на овие општества (за кој никој збор не кажува) не е демократијата ниту легализацијата на марихуаната, веганството, лгбт правата или штетноста на цигарите (тоа се теми за затапување и искривоколчување на свеста и одвлекување на вниманието од битните работи), туку перверзната светска политика на создавање нееднаквост преку единствени цени за берзата на материјалите и производите, и различни цени на трудот. Златото, нафтата, бакарот, житото – имаат иста цена секаде, а човек за истата работа во Македонија (или Србија, Хрватска, Пакистан, Гватемала) добива многукратно помалку од оној во „развиените“ западни земји. Најголемото зло денес е да бидеш евтина земја, оти од неа сите бегаат во скапи земји, а во неа никој не доаѓа. Затоа некои земји умираат. Искрено да си кажам, нема голема разлика дали примаш 30.000 денари во Македонија или 3.000 евра во Германија, ама никој од таму нема да дојде да ја работи истата професија тука, а многу тукашни заминуваат таму (или во Шведска, Австралија, САД, Швајцарија…), заради разликата во цената на трудот. Во Скопје фрчат огласи за работа на кои никој не се јавува, оти оние што умеат нешто да работат одат на Малта, во Дубаи, во некоја ЕУ или прекуокенска земја, Кина… Овде се јавуваат масовно само на огласи за паразитски работни места и државна администрација, а тоа е профил на упропастени луѓе што немаат вистински способности и не можат да отидат никаде дури и да сакаат, оти немаат конкретна професија ни вештина. Тие се буџетски цицалчиња и не можат да пораснат. Моментално, од овде си заминуваат доктори, медицински сестри, плочкари, ѕидари, столари, молери, келнери, инженери, чистачи, професори… и сите што знаат јазик, имаат вешти раце и ги бива за нешто, а остануваат само бавните, мрзливите, некадарните и неработниците. Тие веќе се мнозинство. Ако вака продолжи, само тие и ќе останат. 
Во фалениот и долгопосакуван урбан и „демократски“ живот, квазипрогресивците ја прифаќаат дебилната неолиберална пропаганда и шират небулози против животот и нормалноста, а квазиконзервативците крадат на големо, перат пари, шират легализам и се занесуваат дека ќе бидат новиот Тито или Путин. Квазиобразованието што дели титули и звања како евтини патлиџани во јули, и квазимедицината што ги навлекува луѓето на хемија за цел живот се во функција на кастрирање на мажите и жените од сите општества и тие заглавуваат во новата „религија“ на индивидуализмот, себеусовршувањето и егоизмот, неспособни да љубат и да се размножуваат… си го наоѓаат своето место во машината на стравот и бесмислата.

Ако ги снема луѓето што го зборуваат мојот јазик, јас ќе нема за кого да пишувам. Ќе нема кој да чита. Не сакам да ги снема, и не сакам да си заминам од Македонија, ама не сакам ни да умрам во земја за која ќе знам дека нема долго да ме надживее.

Кога човек е болен, се бори со болеста, и излезот е двоможен: или ќе се излекува, или ќе умре. Исто е и со народите и нивните држави. Се надевам дека моите ќе оздрават.

Со почит,
Тихомир

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Васил Маневски: МОСТОТ НА ЖЕЛЕВИЦА (На Иван Иванов и Горан Малешевски)
Следна објава Екологистите извисија од Зоран Заев! БЛОКАДИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ И ЌЕ СЕ ИНТЕНЗИВИРААТ
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 567
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 544
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 535
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1195
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 517
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 596
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 322
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 406
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 564
Жена на денот
Хелен Мирен - живејте го животот без грижи

Хелен Мирен - живејте го животот без грижи

1182
Маж на денот
Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

2874
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4276
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202218
Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење
Магазин

Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење

Јун 10th, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.