Пробајте го неверојатниот вкус на оваа овошна рапсодија која не се пече а е комплетно готова за 15 минути. Децата ќе ја обожаваат.
Потребни состојки:
- 1 кг кекс
- 1 литар јогурт
- 500 гр овошје по желба (вишни, боровница, а може и од компот)
- 3 кесички шлаг по избор
- 300 гр шеќер
Искршете ги кексите и прелијте ги со јогурт и шеќер, оставете така 5 минути да впие од смесата, па обликувајте ја кората.
Одозгора ставете го овошјето и преку сѐ ставете го шлагот кој сте го изматиле со кисела вода. Уживајте


