Во вторник (27.08.2019 година) во фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево ќе се одржи промоцијата на стихозбирката “Зад твојот сон”, новинарот и наставник во пензија, Васил Маневски.
Промотор на новата стихозбирка од перото на доајенот на пијанечкото новинарство ќе биде познатиот Македонски сатиричар Миле Ѓорѓијоски со специјален гостина на вечерта Александра Бетинска и конференсие Христина Деолска.
За стихозбирката “ЗАД ТВОЈОТ СОН” ова е второ, дополнето издание што авторот Маневски ќе го предочи на пошироката читателска публика и ќе го врати нивното внимание на малку подзаборавените лирски чувства од едно минато време.
Промоцијата е закажана да започне во 19.00 часот.

Во продолжение ја објавуваме насловната псена од оваа стихозбирка за која веруваме дека ќе Ви пробуди интерес за откривање на стар-новите убавини на пишанио збор:
ЗАД ТВОЈОТ СОН
Зад твојот сон и мојот сон се крие
Сонуваме пејсажи, патувања, младешки лудувања,
Некогаш и сонот ме нервира, крвта ми врие
Некогаш спокојно спијам, срцето нормално бие.
Зад твојот и зад мојот сон се Македонци милион
Со разбиени илузии и мечти за иднината
Што разочарани ја напуштаат татковината
Барајќи подобар живот, некаде во туѓината.
Одат во Америка, во Европа и Австралија
На бродови, по туѓи мориња и океани
Стигнуваат дури до Аљаска и Нова Каледонија
Секоја вечер легнуваат со мисла мачна
Ќе огрее ли сонце над татковината мрачна
Ќе се вратат ли еднаш дома, во Македонија?
Зад твојот сон и јас буден сонувам
Високи планини, плодни полиња, убави езера, реки
Сепак некоја јанsа ме јаде, ме прогонува
Не ми дава спокојно сонот да си го сонувам
Се будам во безсознание липајќи, плачејќи
Очите одвај солзат, шепотот занемува.
Ако твојот сон не се обелодени
Крвта ќе замрзне во моите вени
Ќе продолжам и со отворени очи да сонувам
Да го слушам крикот на татковината
Повикот силен да се вратите
Овде да работите, да градите
Раце да си пружите
Подршка да си дадете
Силите да ги здружите
Заедно химната наша да ја пеете
Заедно знамето наше да го веете
Тогаш сонот ќе престане да ме прогонува
Тогаш на татковината ќе се израдувам
Животот и Господ ќе ги славам
Македонија на јаве ќе ја сонувам.
Васил МАНЕВСКИ


