• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски документи

ПРЕДАВНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ДЕЛО-ЦК на ВМРО (об)

ноември 8th, 2019 Историски документи, Македонска бесмртност коментари 2477

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
ПРЕДАВНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ДЕЛО-ЦК на ВМРО (об)

Ние задоцнивме со побликацијата на оваа книга. Таа требаше да види бел свет уште минатата година. Причина за организациона карактер го спречи тоа. ( Објавувањето на книгата било планирано во 1925 година. Меѓутоа, поради тоа што задоцнило формирањето на ВМРО (об), пишувањето и објавувањето било одложено) .

Ние сакавме книгата да излезе од едно одговорно тело, кое да биде во состојба да говори во името на македонскиот народ. Тоа авторитетно тело е веќе коструирано. Тоа е ЦК на Внатрешната македонска револуционерна организација (Обединета).

ВМРО (Обединета), во која учествуваат сите чесни македонски револуционери, ги прифаќа принципите на Мајскиот манифест. Во својата декларација и во резолуцијата што ги прифати на костуктивната конференција од октомври 1925 година, таа ги изложени основното, своето гледиште спрема македонското прашање и ги посочи патиштата, начините и средствата за борба на македонскиот народ за негово ослободување.

Откако ВМРО (Обединета) ги публикува своите решенија и почна да работи среде народните маси во самата Македонија и среде Македонска емиграција и општеството мислење во странство, ние сакавме дека имаме право да излеземе со оваа публикација.

Во книгата, што ја објавуваме, ние ќе направиме еден преглед на настаните што се развија во Македонија и во нејзе соседите земји, во врска со македонското прашање.

Ние ќе укажеме на револуционерните усилби на македонскиот народ за негово ослободување, при што пошироко ќе се запреме врз улогата на бугарската влада и на нејзините македонски агенти.

Ќе ги разгледаме подробно настаните што се одвиваа по фашистичкиот преврат од 9 јуни 1923 година во зависност од македонското прашање. ( На таа дата најреакционерните сили на бугарската буржоазија по пат на државен удар ја срушија власта на Земјоделската партија на чело со Александар Стамболиски во Бугарија. Превратот беше придружен со безмилосен терор врз приврзаниците на Стамболиски, во кој учествуваше ВМРО на Тодор Александров.) Ќе укажеме на улогата на раководителите на ВМРО по тие настани, на преговорите што ги водеа тие претставниците на разните македонски и балкански, национални и политички, организации, за решенијата што ги донесоа тие, на обврските што ги прифатија. Ќе ги публикуваме во факсимили сите документи што ги носат потписите на тие раководители. Ќе ги посочиме измислиците, лагите, клеветите и фалсификатите што ги извршија тие во своите изјави и публикации. Ние ќе ги изложиме сите факти од нивната дејност, по предавство на Тодор Александров и Александар Протогеров во врска со прифатените обврски, и ќе докажеме дека навистина имало заговор, дека тој заговор бил организиран уште пред да биде убиен Тодор Александров, дека во него учествувале шефовите на ВМРО, на чело со Александар Протогеров, Иван Михајлов, Кирил Прличев, Георги Баждаров, Никола Томалевски, Јордан Бадев, Михаил Монев и владата на убијците на бугарскиот и македонскиот народ, и дека тој бил насочен против македонското ослободително движење во лицето на неговите највидни преставници.

По прочитувањето на оваа книга, ќе види македонскиот народ, ќе видат балканските народи, ќе види светското општествено мислење какви злосторници се луѓето што си го присфоиле името на Македонската револуционерна организација и кои рака за рака, претставуваат најтиранскиот и најзлосторнички режим што го познава светот – режимот на крвавата фашистичка диктатура во Бугарија – си поставија за цел да ги изубијат најзаслужните синови на Македонија, да ги угнетуваат македонските народни маси во Бугарија и во ,,петричкиот крај” (Во книгата на различни места се употребува терминот ,,Петрички крај” или ,, Петрички округ” и во едниот и во другиот случај се работи за Пиринска Македонија, чиј административен центар како округ бил градот Петрич.) да ја влошуваат положбата на македонскиот народ во Грција и во Србија, да ги продаваат интересите на поробените Македонци на балканската фашистичка реакција и на балканскиот имперјализам, да го опозорат името на македонското ослободително движење и – со тоа – да ѝ нанесат смртен удар на каузата на македонскиот народ.

ЦК на ВМРО (Обединета)

Според ЦК на ВМРО (Обединета) најголеми предавници во тоа време на Македонското дело и народ се генералот Цончев, поручникот Борис Сарафов, генералот Александар Протогеров и Тодор Александров. Некој од нив во служба на бугарската влада извршиле големи злосторства над македонската емиграција во Бугарија. На 9 јуни 1923 година заедно со најреакционерните сили бугарските буржоазија ја срушиле владата на Земјоделската партија на чело со Александар Стамболиски. Државниот удар беше проследен со безмилосен терор врз приврзаници на Стамболиски и Македонската интелегенција во Бугарија која се залагала за независна Македонија.

Во овие пресметки беа ликвидирани голем број на македонски револуционери и интелегенција која се залагала за независна Македонија. Меѓу нив и целокупното раководството на Илинденската организација како и внукот на Гоце Делчев, Тодор Чопов. Во овие масакри учествувала и бугарската влада на чело со Цанков, која со помош на војската ги овозможила овие масакри а посебно во Горна Џумаја.

Книгата вреди да се прочита и да се види со каква страст, алчност и жестина тогаш па и денес се нафрлуваат ПРЕДАВНИЦИТЕ на сопствениот народ и без милосно го уништуваат и тоа се за туѓи интереси односно за пусти пари.

🇲🇰🇲🇰🇲🇰В.М. 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Пишува: Ванчо Миленковски

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава ЕМИЛИЈА ЛИЗА СТЕРЈОВА ИЗБРАНА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ВИТЛЕСИ ВО МЕЛБУРН
Следна објава Еве колку им значи Илинден на бугарите- Куќата на војводата Сандо Китанов во Лешко пред распаѓање
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 647
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 1010
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 1011
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 657
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 634
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 854
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 646
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1117
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 588
Жена на денот
Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

1264
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

1949
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1475
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201919
Вистината боли, но таа е!
Матна Брегалница

Вистината боли, но таа е!

Сеп 4th, 202219
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201817
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.