Повеќе организации и политички иницијативи во вторник 17.12.2019 година најавуваат одржување на протест пред Бугарската амбасада во Скопје.
Под мотото “Македонците за Македонија” протестот најавено е дека ќе започне во 15.00 часот пред зградата на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), за потоа да се префрли пред зградата на Владата и да заврши пред бугарската амбасада во Скопје.
Најавено е дека учесниците на протестот ќе го прогласат бугарскиот амбасадор во Македонија за непожелна личност во државата.
Во продолжение го пренесуваме известувањето лиферувано во јавност од страна на организаторите:
“Вторник 17.12.2019 година, масовен протест пред МАНУ во 15 часот.
– Македонска Народна Партија- МНП
– МОРО Работничка партија – Горан Зафировски
– Преродба – Ристо Мијаковски
– Десница – Марјан Камиловски
– Здр. Шарпланинец – Гоце Гугуловски
– Синдикат на градежни работници – Атанас Трајковски
Повикуваме на
П Р О Т Е С Т
М А К Е Д О Н Ц И Т Е З А М А К Е Д О Н И Ј А
-Собирно место пред МАНУ, во 15.00 часот, каде таа институција ќе биде подсетена од народот, дека Македонија е на Македонскиот народ, а не нивна и на политичарите.
– Потоа попатно се застанува пред владата, за да го подсетиме Заев, дека Македонскиот народ не спие и нема намера да учествува во легализацијата на неговите криминални договори.
– Протестот завршува пред Бугарска амбасада, со прогласување на Бугарскиот амбасадор од страна на Македонскиот народ за ПЕРСОНА НОН ГРАТА !
Протестот ќе биде придружуван од колона автомобили . Сите заинтересирани дојдете со автомобили и со нашето знаме шеснаесет зрачното сонце.
Масовно за Македонија !
Да ја добијат пораката од Македонскиот народ !”
-стои во објавата на социјалните мрежи.


