Во екот на откупот на домашниот тутун произведен макотрпно од Македонските земјоделци ширум државата техничкиот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски ја алармира јавноста за поразителни информации кои се директно на штета на Македонското земјоделство и производството на тутун.
Имено според Трипуновски станува збор за дозволување на увоз на тутун во Република МАкедонија од страна на актуелната власт и најповиканите за оваа проблематика Зоран Заев и Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.
Според Трипуновски државата дозволила увоз на тутун и тоа по цени повисоки од оние по кои се откупува тутунот во Македонија, со што сериозно се влијае на откупот на тутунот од Македонските земјоделци кој што е во тек.
Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Цветан Трипуновски од прес салата на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство :
“Зоран Заев и Трајан Димковски ги лажат тутунарите. Додека домашниот тутун стои не откупен, власта дозволи увоз на тутун. Документи кои го докажуваат увозот на тутун, во ек на откупна сезона. Ова се фактури и барања за дозвола за увоз кои го демантираат Заев и Димковски. Тие вчера лажеа дека увоз на тутун нема. Заев и Димковски ги гледаат во очи и ги лажат тутунарите, како и за се останато во државата.
Во период од 8 јануари до денес, Заев и Димковски дозволиле увоз на околу 1 милион килограми тутун, во вкупна вредност од неколку милиони евра.
Да биде трагедијата поголема, тутунот кој е увезен во Македонија е платен од 1 до 2 евра повеќе од цената по која се откупува домашниот тутун. Тутунот кој се увезува е од ист тип на тутун кој што се произведува во Македонија, а се плаќа поскапо од домашниот. Македонските тутунари плачат за денар повеќе и реална процена на тутунот, а Заев и Димковски увезуваат тутун кој се плаќа поскапо. Тутунарите се излажани и изманипулирани. Наместо да се откупи домашниот тутун, се увезува странскиот. Додека тутунарите од прилепско молат за повисоки откупни цени, Заев, Димковски и Шапуриќ дозволија увоз на тутун од странство кој се плаќа и над 300 денари. Ова е доказ дека Заев, Димковски и Шапуриќ ги лажат тутунарите. Увоз на тутун има, а домашниот не се откупува. Повикувам власта да не си игра со тутунарите, да се запре увозот на тутун и да се откупи домашниот. Никој не смее да си поигрува со тутунарите.
Заев е причината за сета мака на тутунарите. Сите проблеми ќе завршат по 12 април, кога ќе следува одговорен пристап кон тутунарите и земјоделците во целост.”


