На фотографии споделени на социјалните мрежи снимени утринава се гледаат поголем број на мигранти како претстојуваат на јавна површина во Радовиш.

МВР за овој случај издаде официјално соопштение во јавност кое го пренесуваме во целост:
“Денеска во 08.50 часот на регионалниот пат Струмица –Радовиш, кај клучка Радовиш, полициски службеници запреле товарно возило „фолксваген “ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(43) од Скопје. При преглед на возилото, во товарниот дел биле пронајдени 43 лица – мигранти. Д.Ѓ. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.”


