Во саботата (07.03.2020 година) во Битола се реализираше тренерска школа и семинар за црни и кафеави појаси, под покровителство на Реал Аикидо Федерацијата на Македонија.
На семинарот свое забележливо учество зедоа членовите на Клубот за Реал Аикидо ,,Нико” од Кочани.
Овој клуб под раководство на тренерот м-р Николчо Гоцев- 2 ДАН како и останатите тренери е еден од првенците во овој дел од државата по своето работење и ангажираност кој работи со ученици од повеќе генерации на возрасни групи.
Настанот во Битола се реализираше под будното око на Претседателот на Реал Аикидо федерацијата на Македонија г-динот Ѓуро Илиќ- 7 ДАН.
На успешниот семинар и тренерска школа учесниците се здобија со тренерски лиценци и побогати знаења од областа на педагошкиот пристап на тренерот со нивните ученици.


