Заедно со потпретседателот, Владо Мисајловски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски остваривме средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих и Сузан Шулц, специјалниот пратеник на Германија за југо-источна Европа, Турција и земјите од ЕФТА.
На средбата разговаравме за актуелните политички случувања во државата, престојните избори, реформите и злоупотребите на власта.
Истакнав дека престојните парламентарни избори се клучни за иднината на Република Македонија.
Се согласивме дека европската иднина на Република Македонија е тесно поврзана со изборниот процес на 12 апри, изборите мора да бидат фер и демократски, а граѓаните слободно да ја изразат својата волја.
Посочив дека по 12 април новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде фокусирана на реформите кои ќе значат приближување на државата до европските стандарди, воедно потенцирав дека ВМРО-ДПМНЕ има план како да ја стави државата на брзата трака за членство во Европската Унија.
Истакнав дека криминалот и високата корупцијата се најголемите проблеми со кои се соочува македонската држава, воедно посочувајќи низа на криминални афери во кои беа вмешани високи државни и партиски функционери на СДСМ, злоупотреби за кои нема правна разрешница.


