Со актуелната Вонредна состојба каде што сите одлуки што се носат во државата се носат од неколкумина луѓе во врхушката на СДСМ на највисоко политичко ниво голем број недостатоци на институциите а пред се на здравствениот систем излегоа на површина.
Министерот за здравство Венко Филипче е најодговорниот поединец во сферата на здравството кој со почетокот на кризата се претвори во портпарол чиј што главен наратив на прес конференциите е соопштување на црната статистика на пандемијата и пренесување на мерките воведени од страна на владата поврзани со пандемијата.
Доколку не е запрашан од страна на новинарите тој иницијално ретко соопштува технички детали околу состојбата со здравството на терен, со какви услови се соочуваат здравствените работници во Скопје и внатрешноста на државата и како се случува да има толкав голем број на заболени лекари и медицински персонал во болниците?
На секоја критика од страна на опозицијата претставниците на власта бледо одговараат дека сега не е време за политика и по секоја цена ги одбиваат предлозите на опозицијата за надминување на ефектите од кризата.
За оваа тема и за поголем број други актуелни теми Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски говори со своите домаѓини во емисијата “Заспиј ако можеш” која се емитуваше синоќа на АЛФА ТВ.


