• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Мицкоски со Отворено писмо до хероите, лекарите, здравствените работници

април 7th, 2020 Македонија, Политика коментари 600

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Мицкоски со Отворено писмо до хероите, лекарите, здравствените работници

Ова писмо е посветено на луѓето кои се во првата линија во борбата против заразната пандемија која одзема животи. Го пишувам поради мојата желба, морална совест, но пред се обврска, како човек да упатам јавна благодарност до секој еден од вас кој се жртвува себе си, својот живот и судбината на своите семејства за да ги спасите нашите животи и животите на нашите семејства.

Ова писмо не е политичко, туку израз на мојата длабока искрена волја, која можеби на некој нема да му значи нешто, но мене ми значи многу, да ви кажам благодарам за се што правите во овие часови и денови кога нашата земја се соочува со еден од најсериозните предизвици во изминатите 6 децении.
Вашиот деноноќен труд спасува животи, и додека за време на полицискиот час секој од нас е дома со семејствата, вие сте на работните места и помагате. Не може човек, а да не се поклони кон величенственото дело кое го правите за нашата земја и за овој народ, со чест и сила која нѐ прави горди. Во моите мисли се луѓето во белите мантили, како и полицајците, оние кои го одржуваат редот и мирот.

И во таа смисла не можам, а да не ја прокоментирам снимката која ми остави впечаток овој викенд. Во известувањата на новинарите од Куманово каде беше прогласен целосен полициски час имаше еден случаен минувач, возрасна жена која без здив со трперлив глас и со полуискината медицинска маска на себе си, на прашањето од новинарот каде сте се упатиле во ова време, брзо и загрижено одговори “работам во болница, морам да одам, сметаат на мене”.

Е врз овие луѓе се потпира нашиот систем, а не на совеста на политичарите кои раководат со земјата. Овие луѓе спасуваат животи, додека за вториве секогаш е неодминливиот впечаток дека само сакаат да ги спасат кариерите. А ова е најмалку битка за кариери, а најмногу е за спасување животи на луѓе. Секогаш стојат паралелите со другите земји, но дозволете да заклучам дека каменот највеќе си тежи на своето место и мене најмногу ме интересира здравјето на луѓето кои се тука со нас и на чии плеќи се носи оваа борба против пандемијата.

Неодминливо доаѓа времето и часот кога ќе мора да се соочиме со грешките кои се направија, без оглед дали се викала Цаца, некој административен чиновник во охридската болница или велешката, но делото на лекарите и сестрите кои голораки се борат против пандемијата не смее и не треба да се заборави.
И знам дека кај многумина од вас се јавува револт кога ќе чуете дека Владата донела одлука дека костумираните “контиња” од СЈО ќе добијат баснословна сума на плати или некој несовесен градоначалник или министер потрошил на угостителски услуги или партиски времени вработувања во време кога за лекарите нема ни за маски, а за народот ни за тестови. Но верувајте, ја имате поддршката од народот, а се друго е минливо. Ако за тие работи не говориме толку гласно сега, не значи дека забораваме, а ќе дојде време и кога ќе се присетиме.

И кога сме кај тестовите против корона, иако министерот вели дека се е во ред, градоначалникот на Куманово вели дека не е. Иако сме од две различни политички опции и имам сериозно поинакво мислење за многу теми поврзани со раководењето на општина Куманово, морам да кажам дека е во право човекот кога вели дека Куманово е препуштено самото на себе и дека нема тестови. Потребна е итна помош за Куманово и огромно внимание на Владата и министерството за здравство за надминување на кризата. Воедно, она што јас можам да направам од мојата позиција е да ги повикам сите здравствени работници да се пријават во рамките на апелите за потребите на министерството и да ги дадат своите услуги на кумановската болница и да помогнат најмногу што можат. Хуманоста мора да дојде до израз.
Докторите и сите здравствени работници треба да знаат дека не се сами.

Јас како лидер на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжам да лобирам и барам помош која ќе значи подобра опрема за заштита на лекарите. И не само од Унгарија и Словенија, туку ќе го побарам секој број во мојот телефонски именик кој може да помогне и да испорача помош за Македонија. Ќе продолжам да се борам со предлози кои ќе значат заштита на здравјето на граѓаните и спас од растечката сиромаштија на народот. И да, целосно свесен дека ќе бидам предмет на сериозен политички линч од Владата и нејзините платени структури, но целосно убеден и подготвен дека правам исправна работа за вистинските херои во оваа битка, ќе продолжиме заедно да се бориме, и да, ќе победиме над пандемијата, заедно помагајќи си еден со друг.

Воедно веќе дадов насока до експертите со кои соработуваме, да изработиме предлог законска уредба која ќе ја поднесеме до Владата преку нашиот технички министер за парична награда на здравствените работници за месеците март, април и мај. А многу скоро, во зависност на степенот на вклученост во борбата ќе предложиме слична и за припадниците на МВР и АРМ кои учествуваат во борбата против пандемијата. Овие луѓе се вложуваат себе си и ги ризикуваат животите и го заслужуваат ова. А воедно и порака до Владата, да го донесме ова заеднички, едногласно, Филипче за неговите колеги, Спасовски за нашите здравствени работници, сите заедно за оние кои даваат сè во оваа битка.

На крај во ова писмо сакам да ги споменам и новинарите, снимателите, фото репортерите кои неуморно се вложуваат себе си и си ја работат својата работа беспрекорно во едни тешки услови. Ви благодарам што и покрај сериозните предизвици одолевате и на притисоците и вистински ја информирате јавноста и го ризикувате вашето здравје.
И знам дека многумина од политичките конкуренти ќе бидат збунети, но треба да знаат дека има нешто што е над политиката, а тоа е здравјето на луѓето и нивните животи. Овде политиката е неважна, важно е да успееме.
Ви се поклонувам Вам јунаци! Ја имате мојата искрена благодарност. Вашето дело нема да биде заборавено.

П.С. Посветено на оние кои секојдневно се во првите редови против пандемијата која одзема животи.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Некој на кафе, а некој во посета со конкретна помош на Кумановската болница
Следна објава Русјаков со предупредување
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 715
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 647
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 670
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1323
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 604
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 694
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 369
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 460
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 670
Жена на денот
Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

1960
Маж на денот
Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

1695
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201926
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201819
Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства
Матна Брегалница

Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства

Апр 5th, 202018
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.