Според некои извори (засега наведувам еден) Венко Филипче изјавил: „Доколку се процени дека нема имунитет на возрасното население над 65 години, може да кажеме дека рестриктивните мерки за нив ќе важат цело време до крајот на годината – изјави Филипче.“ Ако нависитина го изјавил ова, и ако оваа вест/информација веднаш, без какво било двоумење, не ја демантира, тогаш време е да размисли за Нирнбершкиот процес и да се потести кому и за штo таму се судеше. П.С. Во наредните денови ќе објавам пообемен текс за најавите за можно воведување на сосема нов вид дискриминција. Помеѓу другите, неа ја најави и новоизбраната комесрка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која пред изборот на оваа функција беше министерка за одбрана на Германија (2013-2019).
Љубомир Цуцуловски: МОЖЕН НОВ НИРНБЕРГ?


