Од наскоро избраните и именуваните функционери на СДСМ нема да заболуваат од Ковит-19 а додека сите останати во државата ќе продолжат да бидат потенцијални носители на вирусот Ковит-19.
Ваквата аналогија е евидентна откако владата на вчерашната седница заклучила дека нејзините функционери може да патуваат во странство и притоа по враќање во земјава нема да бидат подложени на задолжителниот 14 дневен карантин.
Оливер Спасовки ја соопшти оваа одлука која ги става во подредена ситуација сите останати граѓани на државата кои ќе ја немаат можноста да уживаат во ваквата поволност како избраните и именуваните функционери на СДСМ.
„Владата заклучи дека може да се дозволи патување во странство на избрани и именувани лица во странски држави со почитување на препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести, за одржување на потребно растојание, носење на лична заштитна опрема. Заради координации и други работни активности, поврзани со мерките за Ковид-19, како и поради други итни причини кои не трпат одлагање без спроведување на овие лица во државен карантин, по нивното враќање во државата“, рече Спасовски.


