• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

“Љубовта” на владеачката СДСМ и поедини НВО организации продолжува, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

јуни 8th, 2020 Македонија, Политика коментари 631

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
“Љубовта” на владеачката СДСМ и поедини НВО организации продолжува, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Иванка Василевска од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција од партиското седиште ја обвини власта дека продолжува да ги компромитира невладините организации во својата коруптивна мрежа.

И сето тоа во девастирачката ситуација на негативни ефекти од корона пандемијата во државата чии што последици долго време ќе се чувствуваат во наредниот период.

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференција на Иванка Василевска:

“Владата на СДСМ продолжува со компромитирање на невладините организации во својата коруптивна мрежа. Во услови на рапидно зголемување на бројот на заразени од Ковид-19 и во ситуација кога македонската економија е во криза, на седница на Владата на Република Македонија, министрите на СДСМ ја усвоија „Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите“ со која се предвидени финансиски средства во вредност од триесет милиони денари или приближно пола милион евра за финансирање на невладини организации. Факт е дека неспособната Влада на СДСМ и крајно политизираната Комисија за заразни болести не успеаја да се справат со пандемијата па сега ќе ги вклучуваат невладините организации наводно во справувањето со кризата, а на сите ни е многу добро јасно која е целта и каде ќе завршат овие пари.

Уште повеќе, имајќи во предвид дека пред само два месеца истите средства наменети за невладиниот сектор, Владата ги скрати со образложение дека имало други приоритети предизвикани од кризата со Ковид-19. Всушност средствата беа скратени бидејќи беше јасно дека нема да има избори на 12-ти април па затоа според коруптивната логика на СДСМ немаше ни потреба од финансиска поддршка за невладините организации. Навистина, е жално што Зоран Заев и СДСМ под ваквата помош не подразбираат ништо друго, туку само обид за класичен поткуп на граѓански субјекти кои СДСМ со години ги злоупотребува во своите предизборни манипулации. За таа цел самиот повик е со скратен рок и со намалени критериуми за користење на буџетските средства. Затоа, јавно и гласно прашуваме, кому служи ова финансирање на здруженија на граѓани токму пред избори? Зарем овие средства се вишок во буџетот? Зошто овие средства не се пренасочат кон зајакнување на мерките за поддршка на бизнисите, кои се р’бетот на македонската економија? Истовремено прашуваме и што ќе се прави сега со дополнителните 600.000 евра, кои министерството за труд и социјална политика преку невладини организации планира да ги користи за хуманитарни пакети? Незаобиколива е можноста под плаштот на хуманитарните донации, власта да манипулира со социјално најранливите категории на граѓани.

СДСМ и Зоран Заев се соочени со огромен пад на рејтингот кај граѓаните, како резултат на нивните штетни политики, и затоа брзаат што повеќе буџетски пари да потрошат за поткуп на гласачи правејќи значителна економска штета, а во некои случаи и директно загрозувајќи го здравјето на македонските граѓани. Ваквото доделување на средства на невладините организации, само претставува уште еден очаен обид на СДСМ да изврши притисок врз граѓанските активисти да земат учество во нивната предизборна кампања, која трае со месеци и е врв на една неодговорна и криминална политика, која воопшто не води грижа за вистинските интереси на македонските граѓани.

Одлуката на Владата за доделување на овие средства на здруженија на граѓани ја сметаме како обичен обид за поткуп на група на невладини во предизборието. Веројатно, фактурата за несебичната поддршка на Владата на СДСМ во изминатите три години од страна на група на владини-невладини е пристигната, па дојде времето СДСМ да се оддолжат на, како што вели Зоран Заев, неговите невладини организации. Овој обид за масовен поткуп на невладините организации е уште една форма на криминална уцена со која директно се загрозува кредибилитетот и интегритетот на невладиниот сектор.
Воедно, ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупција да ја испита целокупната ситуација и да отвори соодветна постапка. Во исто време ја информираме јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да укажува на расипничкото трошење на буџетските средства, уште повеќе во ситуација кога вкупниот јавен долг веќе достигнува до 60%. Ги повикуваме и здраво-разумните членови на СДСМ да се откажат од активности и постапки во насока на предизборен поткуп, за кои во идното враќање на демократијата и во следното формирање на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и идниот премиер д-р. Христијан Мицкоски, ви ветуваме дека истите ќе одговораат согласно законите и Уставот на Република Македонија, но ќе сносат и лична морална одговорност.”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Опозициската ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивстави на намерата на Филипче и Спасовски да воведат полициски час во Куманово
Следна објава Голем број на непочитувања на полицискиот час минатиот викенд
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 546
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 524
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 520
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1179
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 502
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 577
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 313
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 395
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 541
Жена на денот
Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

1142
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

1895
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 778
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202236
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st, 202224
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.