Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски од Куманово со своја реакција во јавноста упати спротивставување од името на ВМРО-ДПМНЕ за намерата на Венко Филипче и Оливер Спасовски да воведат полициски час од вечерва почнувајки од 22 часот па се до 05 часот утре изутрина на териотријата на Куманово.
Tој како аргумент го наведе фактот што Филипче бројките на новозаразени ги соопштува заедно за општините Куманово и Липково со што се добива лажна претстава за реалната состојба во Куманово.
Во продолжение го пренесуваме соопштението на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНе од Куманово:
“Остро се спротивставувам на најавеното враќање на полицискиот час од 22 до 5 во Куманово! Ги повикувам Спасовски, Димитриевски и останатите кумановски функционери да го направат истото и да се спречи оваа неправедна дискриминација на кумановци!
Зошто Венко Филипче (не)намерно и (не)свесно бројките на ново-инфицирани случаи за Куманово ги соопштува заедно со ЗАСЕБНАТА општина Липково!? Зарем не знае дека општина Куманово и општина Липково се различни единици на локална самоуправа односно различни општини!?
Заради вистината, последните 10-тина дена Куманово има вкупно само 20-тина ново-инфицирани или во просек по двајца дневно, што за град од преку 110.000 жители е незначителна бројка за да биде ставен во РИЗИЧНИ општини! Куманово има само 20-тина активни случаи, на кои, заедно со сите инфицирани со вирусот, од срце им посакувам поскоро и полесно оздравување. Кумановци се едни од најдисциплинираните граѓани во почитување на мерките, што го покажува статистиката на казнети. Кумановци сами успешно се справија и се справуваат со овој вирус.
Од друга страна, за жал, последните 10-тина дена во општина Липково, општина од 20-тина села, која е 4-5 пати помала општина од Куманово, има 100-тина ново инфицирани.
Неколку дена апелирам државните и општинските власти да се сконцентрираат во општина Липково, каде е неопходно концентрација на поголемо внимание и помош.
Вака, соопштувајќи ги бројките на овие две општини заедно, не само што се добива нереална слика и се отрга од потребното внимание и помош за општина Липково, туку Венко Филипче (не)намерно и (не)свесно создава страв и паника во општина Куманово, непотребно се затвора градот, непотребно се планира воведување на полициски час, што ќе претставува ненадоместлива штета на веќе и онака исцеденото кумановско стопанство, но и штета на физичкото и психичкото здравје на Кумановци!”


