• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Мицкоски се обрати кон својот народ: Сега се одлучува за иднината на Македонија онаква каква што ја паметиме

јуни 14th, 2020 Македонија, Политика коментари 1535

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Мицкоски се обрати кон својот народ: Сега се одлучува за иднината на Македонија онаква каква што ја паметиме

Денеска на прес конференција од пред партиското седиште Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски јасно и гласно ги изнесе своите мотиви и услови за расплет на политичката ситуација во наредниот период околу предвремените парламентарни избори во услови пандемија со корона вирусот и огромните поразителни бројки на заразени и починати македонски граѓани во овие критични моменти.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата на Мицкоски во целост:

“Нашата земја како и многупати досега во историјата се соочува со дилема пред раскрсница, но оваа е доста важна од повеќе аспекти. Сериозната здравствена криза на површина ги извади сите слабости на нашиот систем и секако даде одговор на прашањето зошто оваа власт на чело со оваа раководство на СДСМ треба да си оди побрзо. Тоа го говорат бројките, тоа го говори таа опасна неспособност на Владата и отсуството на конзистентна политика и мерки.

Вирусот во комбинација со ова раководство на СДСМ ја фрли државата на колена, а сите оние неточни изјави дека ја победиле короната кога само вчера 8 нови семејства се завија во црно затоа што нивни блиски ги загубија животите, и имаме речиси 200 ново заразени само ја потврдува тезата дека Владата нема ниту план, ниту стратегија, а граѓаните се пропуштени самите на себе.

Сето ова не само што ја продлабочи економската криза туку и ги одложи закажаните избори за април. И тука сакам да сум совршено јасен, од почетокот кога стана збор за одложување на изборите главната моја грижа е заштитата на здравјето на граѓаните. Сигурно на Зоран Заев не му е грижа, но има нешто што се вика совест, а јас не сакам да бидам премиер кој ќе знае дека до таму дошол газејќи по жртви и луѓе кои ги загубиле животите поради прифаќање на неодговорни политики и игри на очајни политичари.

Но, притоа свесен сум дека на оваа крстосница Македонија има многу погрешни избори, и еден правилен излез. Можеме да чекаме со месеци, што на прва се чини разумен чекор, но вирусот и кризата поврзана со вирусот надополнета со неспособноста на ова раководство на СДСМ ќе го зема својот данок, а тоа ќе значи играње со судбините и на луѓето и коцкање со иднината на државата.

Короната ќе ја победиме заедно, но за да дојдеме до тоа мораме прво да ги победиме на избори. Да го победиме на избори оној вирус кој подеднакво разорно ја разградува државата наречено ова раководство на СДСМ. Но, притоа мора да се внимава на секој аспект како и времето кога тие ќе се одржат. Јас нема да лиферувам со бројки, ниту пак да споменувам датуми. Тоа не е сериозно, а за вака крупни прашања договор не може да има преку одговори и препукувања низ медиуми.

Се борам да создадам услови за што е можно побезбедно гласање и фер избори, додека на ова раководство на СДСМ не им е битно тоа, зашто сакаат уплашен народ од вирусот кој ги затекна и онаа очајна неспособност на владата да се справи кога цела Европа и цел Свет практично излегуваат од оваа пандемија и одбегнување поради оваа причина да излезе да ги казни. Се плашат да не им се случи народ.

Сигурно многумина од вас ќе се прашаат што значи ова одолговлекување на изборите, па натегање за датуми, игра на нерви, премостување и ситнење на недели. И ќе ја соопштам поентата, од нашата страна не е прашање на инаетење, туку единствено нешто за кое што се водевме овој период и ќе продолжиме да се водиме во иднина, а тоа е како да предложиме нов протокол за заштита на здравјето на граѓаните.

Желбата на ова раководство на СДСМ соопштена преку Зоран Заев најпрво беше избори на 7-ми јуни, па потоа велеа 14-ти, па 21 јуни.  Сега гледаме дека 5ти јули е претпоследниот предлог а најновиот датум за избори кој тој го става на маса е 8ми јули, чинам вчера го соопшти.

Доколку прифатевме избори на било кој датум од претходно споменатите, еве на пример ако тоа беше 14-ти јуни како што Заев бараше, денес на овој ден требаше да има избори. Но, ќе потсетам дека ние вчера го имавме најцрниот ден на заразени и починати граѓани, дури 200 ново заразени и 8 починати од корона и оваа бројка доколку имаше претходно изборна кампања верувајте дека ќе беше неколку кратко поголема, а Македонија ќе имаше дополнителен хаос.

Според ова ќе имавме избори во вториот пик кога еве гледаме дека сме на врвот во светот според заразени по глава на жител. И затоа за мене е многу важно да се премости овој пик, да се создаде стабилизација на состојбата во некаква нормала а во меѓувреме да се прецизираат строги протоколи на гласање кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните. И кога тоа ќе се обезбеди да се оди на гласање со целосно почитување на уставот и законите. Ова пред се значи прочистен избирачки список и присутна мисија на ОБСЕ и ОДИХР во државата.

За мене навистина е поразително што ова раководство на СДСМ  тргна на избори еднострано и со диктат, а се уште немаме ниту прочистен избирачки список, ниту пак  присутна мисија на ОБСЕ и ОДИХР во Македонија. Колку за споредба дури и во најмалку демократските земји, дури и во една Белорусија пред да отпочне кампањата мисијата на ОБСЕ и ОДИХР се наоѓа во државата, а Заев сака на мала врата со свој диктат и уцена да протурка матни избори какви досега од осамостојувањето до денес не сме имале.

Ќе зборувам многу отворено и од срце во продолжение.

Ако кажеме уште сега не сакаме консезус за избори и креваме раце од процесите ќе продолжи кражбата на вашите пари, оние нечовечки рекети, неправдите, неправдите, ќе продолжи распродажбата на се што е македонско… Ние, точно е, ќе победиме подоцна на локалните избори кои се за една година од сега, но државата ќе биде во хаос, економски колапс, социјални немири и целосно загубен идентитет, дури можеби ќе ја немаме оваа држава на која што ние се сеќаваме. И тука се согласувам со Пендаровски дека освен економска и здравствена криза, на Македонија и претстои и безбедносна криза.

Наш план беше и е да го спречиме ова. Многумина ми велеа остави ги нека изгорат сами на избори, за една годинна ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и ќе биде власт во државата. Но тоа е иста ситуација како што прави Заев сега, оставајќи луѓе да се разболуваат свесно само за да избоксува нормалност и некаква кава таква шанса да го намали поразот на тие избори.

Свесно ќе треба да оставам државата да тоне една година и народот да пати за да после една година победи ВМРО-ДПМНЕ. Прашањето е во каква држава ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Јас не можам тоа да го сторам. Не сум таков човек и не сум таков карактер.

Да точно е. Не сум таков политичар што може без грижа така брутално да си игра со судбините на луѓето. За мене секој живот вреди и јас сум борец и ВМРО-ДПМНЕ се луѓе борци и вие граѓаните на нашата Македонија сте луѓе кои што сакате да се борите. И заедно со вас ќе одлучам да се борам за вас и за државата.

Заедно со народот и илјадниците судбини кои во нас гледаат надеж. Мора да го запреме сега. Понатаму се плашам дека ќе биде предоцна. Око не им трепнува што рушиме рекорди по заболени луѓе кои што ги губат своите животи. Сакаат мала излезност мислат тука тоа е сламката за спас да избегаат од одговорност.

Зоран Заев  ги прифати сите услови кои што му ги предложив, а тоа е како да ги заштитиме загрозените групи да гласаат од дома. Гледам дека и сега тој си го кажува ова како некаков негов предлог, но нема да навлегувам во такво ниво на комуникација. Треба да знаат овие луѓе дека ќе гласате од дома на овие избори и така ќе ги заштитуваме најранливите категории.

Сите оние со хронични заболувања кои беа опфатени со мерките на претпазливост во периодот на вонредна состојба како и ризичните групи од над 65 години старост сите тие ќе гласаат од дома.

За останатите ќе има доволно ред и простор и време со минимум ризик да гласаат.

Тоа е голема предност и така СДСМ ја губи основната своја причина за брзи избори а тоа е стравот од голема излезност и голема казна на овој народ.

Ви кажувам директно без заобиколување и политиканство како што прават другите, на последната наша средба кај претседателот Пендаровски го гледав во очи и му зборував нема цена ниту еден човечки живот изгубен. Не постои цена да ги ризикуваме животите на нашите најмили, го гледав во очи и му зборував дека е потребно да ги заштитиме животите на нашите родители на нашите соседи, колеги, пријатели, роднини и другари. Единствено нешто за што размислуваше во тој момент беше како да се спаси од одговорност за сето она кое што го правеше овие три години.

Го гледав во очи и му зборував за совест, за честа, за честитоста на овој народ, да не го загрозуваме елементарното право на живот. Не ме послуша. Мојата порака е нема бегање за оваа раководство на СДСМ мора да има одговорност, а таа одговорност ќе дојде веднаш со завршувањето на овие избори.

Затоа имам порака и до претседателот Пендаровски.

Се обидуваше неколку наврати досега, помалку или повеќе неуспешно да одржи лидерски средби на кои што ќе договориме датум за одржување на предвремените парламентарни избори. Го разбирам, го разбирам дека е под притисок, дека секојдневно ѕвони телефонот од оние истите луѓе кои што денеска окото не им трепнува што сме лидери во регионот по бројот на заразени и починати луѓе, и му велат една реченица, ние те поддржавме да бидеш таму каде што си. Но, остави ги тие. Тие се губитници и одговорноста ќе дојде на крајот од овие избори. Одважи се, осмели се. Ти сакаш и претендираше да бидеш татко на сите граѓани, имаш време денеска до крајот на денот да ја продолжиш вонредната состојба. А зошто да ја продолжиш вонредната состојба? Затоа што ВМРО-ДПМНЕ има два услови и тоа се, најпрво да изработиме протоколи со кои што ќе го заштитиме здравјето на граѓаните. Знам дека и тебе ти е тоа приоритет. Од ова кратко време кое што имав можност да те запознаам господине Стево Пендаровски знам дека ти е и тебе тоа приоритет.

Да изработиме протоколи со кои што ќе го заштитиме здравјето на граѓаните и втората работа да имаме фер, демократски, инклузивни избори во оваа држава.

Што значи тоа? Тоа значи дека првиот ден кога набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР ќе бидат во Македонија, веднаш по одржаната нивна прва прес конференција, следниот ден нека биде првиот ден од нашата кампања и од тој прв ден да го утврдиме датумот кога ќе бидат одржани овие избори.

Според сегашната ситуација, она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија го антиципира ме првата возможна дата е средината на месец јули.

И сосема на крај сакам да се обратам до граѓаните, сакам да се обратам до сите оние луѓе кои што си ја сакаат оваа држава и до сите оние политичари кои што живеат на грбот на граѓаните.

Сега се деновите и сега се моментите кога се одлучува иднината на нашата Македонија, онаква каква што ја паметиме. Не го заборавајте тоа. немојте никогаш да го заборавете дека сега се одлучува иднина на нашата Македонија она каква што ја паметиме и онаква каква што ја наследивме од нашите предци.

Следната порака е до ова раководство на СДСМ и Зоран Заев. Ќе ве победиме. Кога и да се случат тие избори ќе ве победиме. Одважете се уште од сега и престанете да го втурнувате народот во една ситуација во која што наместо да нудиме проекти ќе ги броиме бројот на новозаразените и луѓето кои што за жал ќе го загубат животот.

А јас ви ветувам  дека после дебаклот кој што ќе ви се случи, кога и да се случат тие избори ќе имате право на пресумпција на невиност, но од одговорноста нема бегање. Одговорност мора да има за сето ова што го направивте изминатите три години.

Затоа вразумете се и не го правите ова на народот. Немојте да правите притисоци, ниту во Државната изборна комисија, не правете притисоци ниту кај граѓаните.

Да обезбедиме соодветни протоколи, нека пристигне мисијата на ОБСЕ и ОДИХР и следниот ден да одиме на избори.  Според сегашните информации средината на јули е добра основа да излеземе, да ве поразиме, а потоа следи одговорност.”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Македонија доби катастрофален извештај од „Фридом Хаус“!
Следна објава Драган Ковачки: Капетанот, не им кажува на патниците на македонскиот Титаник дека има чамец што го подготвил за себе
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 725
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 654
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 679
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1333
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 610
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 707
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 375
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 467
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 686
Жена на денот
Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

685
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него

Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него

1277
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201924
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201921
Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот
Регион

Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот

Авг 26th, 202220
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.