Во текот на вчерашниот ден Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ оствари работна средба со Жбогар.
На состанокот Мицкоски ги апострофирал недостатоците на актуелната влада предводена од СДСМ.
“Денеска остварив средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и стратешките приоритети. Посочив дека актуелната влада не испорачува резултати. Неспособноста на власта предводена од СДСМ ја втурна Македонија во тешка финансиска криза. Со ваквото однесување се докажа дека власта прави озаконување на криминалот и корупцијата како главен супстрат на нивното делување.”
-соопшти за јавноста Христијан Мицкоски во врска со оваа средба.


