• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Отворено писмо до Заев: Ние немаме лекови, бараме живот за нашите деца и возрасни со цистична фиброза

ноември 21st, 2017 Македонија коментари 850

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Снежана Бојчин, родител на девојче со цистична фиброза и претседател на Здружението за ЦФ во Република Македонија, испрати отворено писмо до премиерот Зоран Заев, во кое ја објаснува ситуацијата со болеста во земјава, нередовните набавки на лекови и покренува одредени барања.

ЦФ е најчестата фатална генетска болест, a во Македонија, таа дури лани се призна како ретка болест. Но покрај драстично помалиот број на лекови, уште еден проблем е што тие не се набавуваат во континуирана и редовна процедура која ќе овозможи редовно примање на терапијата. Со секоја пауза во терапијата, пропаѓањето на телото е драстично! Секоја празнина без терапија намалува години од животот на пациентите со ЦФ!

„Како пациенти и како Здружение за цистична фиброза, имаме сомнежи и неодговорени прашања, кои сметаме дека мора да добијат одговор и соодветна општествена и институционална реакција:

1. Колкав е буџетот за набавка на лековите за цистична фиброза на годишно ниво?
2. Кој кажува колку лекови треба да се набават и дали се доволно?
3. Зошто се предлага екстремно скапа (но не и нужна) терапија за само двајца пациенти (800.000 ЕУР за 1 година), а нема основни лекови за 100-тина други ЦФ пациенти?
4. Зошто им се ветува трансплантација на пациентите, кога таа секаде во светот се смета за последна шанса?
5. Зошто нема јавна листа и критериуми за трансплантација? Која комисија решава за тоа кои пациенти ги задоволуваат условите за трансплантација?
6. Која е точната бројка на пациентите со цистична фиброза? Колку се вкупно дијагностицирани ЦФ пациенти во Македонија од 1989 до 2016 година? Кој е вкупниот број на преживеани пациенти кои сè уште се лекуваат во Македонија?
7. Колкав е приливот на финасиски средства од пациентите од Косово и како во услови на немање просторни можности и доволно венска терапија за 14-дневен престој во Детската клиника за сопствените ЦФ пациенти, се наоѓало место за хоспитализација на дополнителни 16 семејства од Косово?
8. Зошто копии од медицинските досиеја верни на оригиналот не се префрлија во Центарот за ЦФ Козле?
9. Кому му одговара да нема регистар за цистична фиброза со сите неопходни податоци во Македонија?
10. Зошто да се уништи Центарот за ЦФ во Козле ако се покажал како успешна приказна? Зошто да се почнува одново, наместо да одиме по нагорна линија?
11. Зошто пациентите од Детска клиника се праќаат во Центарот во Козле на умирање, како на губилиште, без потребните лекови за спасување на нивните животи? Кому му одговара Центарот во Козле да не работи?

-Почитуван г. Заев,живеењето со цистична фиброза е секојдневна борба со болеста, но и борба со здравствениот систем во Македонија. За да ви ја доловам веродостојноста ќе ви кажам само еден трагичен факт од кој срцето ми се грчи – просечниот животен век на пациентите со цистична фиброза во Македонија е околу 11-12 години, а во земјите во Европа тој е над 30-40, и постојано расте. Се разбира, ова е статистика која самите се обидуваме да ја направиме, зашто Детската клиника смета дека со нивната евиденција не може да се направи едноставна математичка операција, туку треба опсежно истражување. (?!) Нашата, мојата борба е јавна и јасна – бараме живот за нашите деца и возрасни со ЦФ. Ве молиме за решение! Помогнете ни во остварувањето на нашите права и правда кои ги бараме последниве 15 години.  Ве молиме да ни го вратите Центарот за ЦФ Козле, да ни овозможите да го надградиме како што беше првично предвиден да изгледа, сосе медицинските досиеја во него кои никој пред вас немаше храброст да ги даде, сосе најосновната и малку понова терапија за симптоматско лекување на болните со ЦФ, сосе можноста пациентите сами да одберат каде ќе се лекуваат, со транспарентен пристап на сите податоци поврзани со ЦФ досега, согласно човековите права кои произлегуваат и од домашната и меѓународната легислатива за рамноправен и достоинствен третман за сите болни со ретки болести во Македонија, стои во писмото на Снежана Бојчин.

Извор:Курир

 

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Душко Млекарот, пуленот на СДС: Ленче Николовска се слика додека фармерите страдаат
Следна објава Жестоко во Советот на Општина Штип
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 532
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 510
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 516
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1162
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 495
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 562
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 301
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 382
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 527
Жена на денот
Ева Грин e една од најелегантните femme fatale во светот која држи до својот див карактер

Ева Грин e една од најелегантните femme fatale во светот која држи до својот див карактер

1130
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него

Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него

1203
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201821
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.