Додека сѐ повеќе владее загаденост од секаков вид, властите и нивните трабанти, обземени од идејата за влез во ЕУ по секоја цена, упорно прават ирационални отстапки кон Бугарија, макар што (уште пред една година!) ЕУ јасно кажа:(1) Нови примања ќе нема сѐ додека Унијата не реши некои свои внатрешни реформи/проблеми. Колку што знам, далеку се од нивно решение, особено ако се има предвид дека сега, за разлика од минатата година, имаат сосема нови проблеми – Ковид кризата, на пример.(2) Дури и да започнат преговори со некоја земја, ЕУ недвосмислено рече дека започнатите преговори можат да прекинат и да се вратат на почетната точка, ако некоја членка така заклучи/побара.Сепак, властите со мономанично-аутистична упорност се туркаат кон ЕУ, правејќи непоправливи отстапки кон Бугарија, кои, како и да се оправдуваат, никогаш не ќе им бидат простени, бидејќи никогаш не ќе бидат заборавени.
Пишува: Љубомир Цуцуловски


