Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го прозва Зоран Заев за неговите лаги во врска со можни странски инвестиции кои што како што најави Заев пред изборите требаше да се реализираат во месец септември.
Но како и многу други лаги со кои што Зоран Заев ги излажа граѓаните на државата за да го добие нивниот глас и оваа лага се претвори во еден голем и сочен мисловен компир.
Во продолжение го пренесуваме фејсбук статусот на Ицкоски во врска со оваа лага на Зоран Заев:
“Во месец јули на дебатата во МТВ, Зоран Заев со поглед кон камерите, т.е во очите на граѓаните најави 5 нови странски инвестиции коишто требаше да се случат најкасно во септември. Вети и излажа.
Денес сме месец ноември. Нема ниту една странска инвестициja. Ја нема ниту IKEA, исто како што ги нема и Google и Facebook.
Додека соседните земји имаат мултимилионски инвестиции, Македонија останува црна дупка на картата на странските инвеститори. Нема странски инвестиции, ама има:
❌за 7 месеци 46 илјади новоневработени;
❌по 1000 новозаразени дневно од #COVID;
❌по 20 луѓе кои умираат поради неспособната Влада;
❌долг од 2 милијарди евра;
❌со нови 4 илјади евра е задолжено секое семејство”


