Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Штип Иван Јорданов ја прозва актуелната власт на СДСМ предводена од Зоран Заев за морничавата намера да се одржат избори во Штип, единствено мотивирани од пари, власт и моќ.
“
Се отажаа Олимписките игри
Се откажа Европско во фудбал
Само СДС никако не се откажува од избори во Штип, во време на голема зараза со корона вирус.
Доказ, за алчноста, себичноста и неискреноста на оваа група на т.н политичари. Што ќе биде доволен мотив за да се откажат од морничавата намера за избори? Најверојатно нема, бидејќи само се водени од мотивот пари, власт и моќ. “
-напиша Иван Јорданов на фејсбук.


