![]()
![]()
Браво Министре “најдобар сте”. Нас како Синдикат не ни е јасно Министер да се фали дека “овозможил” право на работник а тоа право законски следува со Законот за работни односи и Колективниот договор во МВР. Требаше до сега да спроведете истрага против одговорните кои дозволиле одлевање на буџетот на МВР по основ на тужби баш по овој основ. Тоа најверојатно Ви е за пред граѓаните да се фалите![]()
. Али тоа на страна.![]()
![]()
Еве од тука ЈАВНО зошто неколку месеци одбивате да не примите и СПМ го ставате на ранк “државен непријател” на Министерството да поставиме неколку прашања:
Кога ќе се пофалите дека ќе набавите јакни за колегите и други делови од униформа и КОНЕЧНО да ја набавите,
![]()
Кога ќе се пофалите дека сте ги стопирале незаконските распоредувања,
![]()
Кога ќе се пофалите дека сте овозможиле покачување на платата на вработените во Министерството за внатрешни работи,
![]()
Кога ќе се пофалите дека нема повеќе да се справувате со професионалците,
![]()
Кога ќе се пофалите дека на раководните позиции ќе поставите професионалци,
![]()
Кога ќе се пофалите дека вработените во Полицијата ќе земат додаток за борба со пандемијата….![]()
-реакција на Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ


