Во своја реакција во јавноста Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ повторно го прозваа градоначалникот на Виница Ивица Димитров за предизборните лаги во врска со изградбата на брана на реката Сушица во општината.
Целиот текст на нивната реакција ја пренесуваме во продолжение:
“СДСМ Виница и градоначалникот Ивица Димитров и втор пат ги излажаа Виничани за изградба на брана на река Сушица ![]()
Откако во изборната програма за Локалните избори во 2017 година им ветија изградба на брана на река Сушица, како и за многуте ветени и нереализирани проекти така и за овој прашавме до каде е неговата реализација ![]()
Од СДСМ Виница пред точно 1 година не обвинија дека кажуваме лаги и дека со ‘ГОЛЕМИ НАПОРИ’ градоначалникот успеал да се избори за Проектот изработка на техничка документација за брана на река Сушица, дека во мај 2020 година ќе биде распишан тендерот и во 2021 ќе започнала изградбата ![]()
![]()
Погодувате што се случи после 1 година, нема ништо од техничката документација, а почетокот на изградбата е далеку колку што е далеку градоначалникот од втор мандат.
Освен лагите, смешните обвинување и предизборното сликање со тогашниот шеф на кабинет на Министерот за земјоделие, Никица Бачовски нема ништо друго од што можат да видат бенефит граѓаните на општина Виница.
И за крај прашуваме што сега ќе ги излажете граѓаните и кога конечно планирате да им се извините за сите лажни ветувања и нереализирани проекти кои им ги ветивте во програмата “Живот во Виница за сите” ![]()
![]()
“


