На интернет утринава беше започната онлајн петиција против учеството на Васил Гарванлиев на овогодинешното издание на Евровизија со кое ќе ја претставува Македонија на овој избор на најдобра песна.
“Поради серија на скандали Васил Гарванлиев е национален срам. Да започнеме за да го сместиме овој човек каде му е местото”, -стои во објаваtа на петицијата достапна на платформата change.org.


