Боби Темелков од Канада како еден од иницијаторите и организаторите на денешниот семакедонски протест за слобода на уставобранителите и демократизација на Македонија упати своја порака за благодарност кон сите организации и поединци кои што ја поддржаа реализацијата на протестот.
“Како инцијатор и еден од организаторите на овој протест чувствувам обврска јавно да се заблагодарам за подршкат која доведе до овој масовен протест.Сакам јавно да се заблагодарам до сите партии и нивни лидери,сите организаци ,активисти но највеќе на Македонскиот народ кој даде целосна подршка и излезе масовно на улица за Слобода на Браќата Уставобранители и Македонија.Благодарност до сите мои соработници од “Македонците во Светот”и одличната логистиката во Македонија благодарност до учесниците во завршната церемонија! Без сите вас овој протест немаше да биде тоа што беше.Нашата борбата за слобоада на Уставобранителите и Македонија не запира со овој протест,енергијата која денес се чувствише во Македонија ни дава голема сила да продолжиме во борбата, продолжуваме со притисокот во многу блиска иднина се до конечно прифаќање на нашите барања за слобода на браќата уставобранители и предвреми парламентарни избори во Македонија. ДА НИ Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА”
-соопшти Боби Темелков преку социјалните мрежи.


