Повеќемина Македонци во Англија и во Швајцарија денеска организираа помали симболични протести за поддршка на главниот семакедонски протест кој што се одржа денеска во Скопје за ослободување на уставобранителите и за демократизација на Македонија.
Одделни групи составени од Македонци во Женева и во Лондон денеска се собраа на јавни плоштади со пораки за ослободување на уставобранителите кои лежат осудени на драконски казни затвор во Македонските затвори како поддршка на протестот организиран исто така од припадници на Македонската дијаспора ширум светот..


