• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски личности

На 26 мај 1917 година загинал Борис Дрангов- непоколеблив борец за Македонија

мај 27th, 2021 Историски личности, Македонска бесмртност коментари 997

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
На 26 мај 1917 година загинал Борис Дрангов- непоколеблив борец за Македонија

На 26 мај 1917 година во пресметка со француските сили како бугарски офицер со чин потполковник загинал Борис Дрангов- началник на 5-от македонски полк.

Борис Дрангов е роден 1872 година во Скопје, во семејството на Стојан и Ѓурѓа Дрангови.  Учи во бугарското педагошко училиште во родниот град кое го завршува со одличен успех. Во 1891 година е примен во Военото училиште во Софија.

Во 1893 година е произведен во потпоручник и е распреден во 3-от коњанички полк во Пловдив.

За време на Илинденско-Преображенското востание,  Дрангов ја напушта воената служба и заминува во Македонија, каде заедно со други офицери,  собира чета от 120 души која дејствува во реонот на планината Плавица, Кратовско.

Владислав Ковачев (горе десно), Борис Дрангов (долу лево) и други.

За време на Првата Балканската војна (1912 – 1913) е началник на штабот на 1-та бригада на 1-та пешадиска дивизија. На бојното поле забележува значајни победи – кај Гечкинли (22 октомври 1912), Чаталџа (17 ноември 1912), Одрин (13 март 1913), Селиолу, Ескиполос и Петра. При заземањето  на Селиолу лично предводи  една од дружините во напад. За покажаниот хероизам е награден со орден „За храброст“ од IV степен.

На 2 септември 1915 г. со заповед №420 се формира 11-а пешадиска дивизија – наследник на Македоно-одринското ополчение. В состав на дивизијата влегуваат и  1-от артилериски и 6 пешадиски полк, а потполковник Борис Дрангов е назначен за началник на 5-и македонски полк.

Офицери од 11-та пешадиска македонска дивизија, на левата страна од попот e полковникот Борис Дрангов

За време на Првата светска војна (1915 – 1918) како командант на полк во дивизијата  која е составена безмалку  целосно од необучени војници од Македонија, Дрангов успева за кратко време да ги подготви и да направи од нив  целосно оперативнавоена единица. Учествува во битките кај Калиманци, Кочани и Штип. На 25 ноември 1915 г. го предводи ноќниот напад кај селото Градец.

Борис Дрангов (1872-1917), командант на 5-от македонски пешадиски полк, им се обраќа на војниците

Во периодот февруари-март на 1916 г. полкот е сместен источно од Петрич. По идеа на Дрангов (во атарот  на денешното село Дрангово)  се гради спомен-чешма на загинатите војници и офицери од 5 пешадиски македонски полк, на којa пишува:

1916 на ПАДНАЛИТѢ ЮНАЦИ

от 5 пѣх. Македонски полкъ

Големите жртви кои ги дава офицерскиот состав на армијата, налагаат да се формира Школа за резервни офицери во Скопје. На 15 мај за началник на школата е назначен потполковник Дрангов. Така тој ги напушта  редовите на 5 македонски полк и заминува во родниот град на новата дожност. Во неа има 1053 кандидати за офицери.

Кон крајот на септември, во офицери се обучени 876 кандидати, а Дрангов ја презема должноста на Началник на штабот на 1-та пешадиска дивизија и  6 месеци е на бојното поле околу Добруџа во кампањата против Романија.

Во март 1917 г. повторно е во Македонија како командант на 9-от пешадиски пловдивски полк од 2-та пешадиска  дивизија. Ги брани позициите на котата 1050 на завојот на Црна река. За оваа битка, и ден денес, во Кавадарци се пеат песни.

На 26 мај 1917 при француски артилериски напад, потполковникот Борис Дрангов е тешко ранет. Како последица од раните, истата вечер, им подлегнува на повредите.

Погребан е во дворот на црквата „Свети Димитриј“ во Скопје, но подоцна српските власти ги преместуваат неговите посмртни останки. Постхумно е унапреден во чин полковник.

Сопруга на Борис Дрангов е Рајна Дрангова. Во Лом, Дрангов се запознал со Рајна Денкова Попова – ќерка на Денко Николов Попов од селото Младо Нагоричане – четник на Дедо Иљо Малешевски. Рајна и Борис имале 5 деца, од кои – Кирил Дрангов е истакнат деец на ВМРО

Борис Дрангов е автор на следните монографии:

  • Подробна програма за обучение на млади войници и редници, Лом, 1898
  • Юнаци, изпълнете клетвата, Лом, 1901
  • Тактика, София, 1912
  • Походът на Наполеон в Русия, София, 1912
  • Помни войната, Скопие, 1916
  • Психология на групата и колектива , 1940

Насловната страница на Монографијата “Помни войната”, од Борис Дрангов во издание на неговата сопруга

Извадок од “Помни войната”, Борис Дрангов

Современата воена наука во соседна Бугарија го определува како првиот воен теоретичар на воената тактика.

За Борис Дрангов и јунаците на 5-от македонски полк, Македонскиот народ испеал повеќе песни од кои една од најпознатите е “Гордеј се мајко Македонијо!”

Борис Дрангов е тукашен, син е на Македонија. Тој не е единствен кој нашата историја “ненамерно” го заборавила и него и нему сличните, нема да ги пронајдете на страниците на учебниците по историја. Дали ќе го има во новите, останува да видиме.

Но, сепак, нема да бидат заборавени!

Синот на Борис Дрангов- Кирил Дрангов (деец на ВМРО)

На 7 и 8 јуни 1946 година, по заповед од Москва, бугарските и србските комунисти “расчистуваат” со дејците на ВМРО. На 8-ми јуни 1946 година, во куќата во Софија, каде што живее достојниот син на полковник Борис Дрангов – Кирил Дрангов, е опкружена од бугарската милиција. Откако испраќа 6-мина милиционери на другиот свет, Кирил Дрангов се самоубива.

Вечна слава на Борис и Кирил Дрангов.

Фото извор: Википедија

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Паркети со својот нов албум му пркосат на новото "нормално"
Следна објава Шеќеринска бега од јавна дебата со Драган Ковачки, транспарентноста на СДСМ стана гола демагогија за тешење на малкумината преостанати следбеници
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 652
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 1016
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 1015
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 662
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 638
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 862
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 652
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1120
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 591
Жена на денот
Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

674
Маж на денот
Скот Аткинс - Боречки  уметник кој го води актерството

Скот Аткинс - Боречки уметник кој го води актерството

1407
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1494
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Во мојот град веќе не врне...
Колумна

Во мојот град веќе не врне...

Јан 22nd, 202019
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201819
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Магазин

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

Окт 18th, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.