Во време кога железничкиот транспорт во земјата бележи катастрофални бројки на реализација и одржливо работење, од менаџментот на ова акционерско друштво распишуваат пред избори во изборна година оглас за вработување на 12 нови работни места.
Дополнително ваквата неодговорна постапка на раковотството на компанијата се случува без земање во обзир на веќе вработените лица во фирмата кои би можеле да се преквалификуваат на бараните места.
За ваквиот негативен тренд на актуелното раководство своја реакција во јавноста упатија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ:
“Рeализација на проекти во железницата нема, нема ни нови возови но затоа има нови огласи за вработување на партиски војници.
Како комисија во повеќе наврати реагираме за лошите состојби во железницата, истата ги живее налошите години од нејзиното функционирање, реализација на проекти нема, но затоа имаме големи железнички несреќи како таа во Романовце, а бевме сведоци и на запалени возови….
И најлесно во цело тоа безредие е да ја покриеш неспособноста со нови вработувања.
Доколку има вработувања на технички кадар кој би работел на пруга, тогаш огласите за вработување би биле оправдани. Но, не се за оправдување огласи за Референт за општи работи, Референт за односи со јавност и Благајници на билети.
Доколку СДСМ знаеше домаќински и чесно да работи, можеше работниците кои подолг период работат на пруга и истите заради одреден здравствени проблеми не се во можност за работа на отворено да ги префрли на работни места благајници на билети. Така, овие вработени би можеле да се заштитат, а понатаму да се објават огласи за технички работници.
Но сепак СДСМ се решава на финансиски товар на граѓаните да вработува партиски војници.
Затоа оваа неспособна влада мора што поскоро да си замине во пензија.
Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт.


