МЖ Транспорт е еден од најголемите загубари во Македонија. И наместо менаџментот на претпријатието скромно и домаќински да ги користи финансиите, тие набавуваат луксузно возило од неколку десетици илијади евра.За жал последниов период во железничкиот сектор се случија низа на скандали. Имаше голема железничка несреќа во Романовце.
Се запалија два воза на МЖ Транспорт, но за тоа нема никаква одговорност. И наместо одговорност, раководните лица со државни пари се почастуваат себеси со супер луксузен автомобил.Според СДС за патниците неклиматизирани и бавни возови а за нивните “големи” директори луксузни и скапи автомобили.




