Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на сликовит начин со директна споредба на познатите факти направи споредба на реализацијата на проектите за изградба на Клинички центар во Скопје и во Белград.
“Залутаноста” на актуелната власт предводена од Зоран Заев од реалноста не е случајна. Впрочем таква е состојбата со нивното владеење во Македонија уште од почетокот. Власта базирана единствено на гола празна пропаганда во никој случај не носи добро за граѓаните на Македонија, што се покажува во пракса помеѓу народот чиј што стандард на живот веќе и не постои.


