На претседателството на партијата Демократски сили на ромите денеска беше донесена одлука за поддршка на опозицискиот блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ проетив штетните политики на Зоран Заев и актуелната власт.
На состанокот присуствуваше по покана на претседателот на ДСР Ѓабан Салиу и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој по завршувањето на состанокот даде изјава за медиумите:
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на работниот состанок на партијата Демократски сили на Ромите по повод претстојните локални избори.
..”Донесена е одлука практично за коалицирање на партијата ДСР со ВМРО-ДПМНЕ на следните локални избори во делот на безусловна поддршка на кандидатите за градоначалници кои што коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предложи.
Нормално учество на партијата Демократски сили на Ромите предводена од мојот драг пријател Шабан Салиу на советничките листи кои што исто така ќе бидат дел од следните локални избори. А, се радувам што одлуката е таква да партијата на господинот Шабан Салиу биде дел од коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ , дел од победничката коалиција за тоа што денеска е важно да сите оние прогресивни политички сили кои што се дел од македонската политичка сцена без разлика дали се тоа од македонскиот блок политички партии, од албанскиот блок политички партии, партиите на Ромите, Турците, Власите, Бошњаците, Србите, Египќаните и останатите се приклучат на овој опозициски победнички блок бидејќи само така можеме да го промениме ова политичко мочуриште кое што четири години практично ја репресира и уназадува нашата Македонија. Да го промениме овој хибриден режим и навистина да владее правото, навистина да се бориме бескомпромисно со криминалот и корупцијата, за силна економија, за сериозни реформи во здравството, во образованието, да одиме напред бидејќи сите одат напред, само за жал Македонија предводена од овој хибриден режим на СДСМ и Зоран Заев стагнира и уназадува,
-соопшти Христијан Мицкоски по завршување на состанокот на претседателстовот на ДСР.


