Во текот на утрешниот ден државата чиј што премиер е Зоран Заев и чиј што прв Заменик на Претседателот е Артан Груби ќе потроши половина милион евра за прослава на 20 годишнината од потпишувањето на Охридскиот Рамковен Договор со кој што беше ставен крај на војната против терористичката организација ОНА, која подоцна се претопи во политичка партија ДУИ.
Прославата ќе се одржи во еден од најрепрезентативните хотели во Скопје а на истата се поканети околу 300 гости од политичкиот живот во Македонија, дипломатски претставници како и гости кои учествувале во креирањето на Рамковниот договор.
Самиот настан го најави Артан Груби кој што ја одбегна одговорноста за евентуални последици во однос на ширење на пандемијата со тоа што соопшти дека хотелот има капацитет доволно за да ги собере најавените 300 гости согласно препораките за заштита од Ковид-19.
Пред само десетина денови истата оваа држава чиј што премиер е Зоран Заев со “помош” на Стево Пендаровски, најголемиот Македонски државен и национален празник го прослави под еден шатор на Мечкин Камен забранувајки присуство на народ како што налагаше традицијата и големината на овој ден.
Тогаш скромно “во кругот на семејството”, се положија букети свежо цвеќе и се прикажа културно-уметничка програма на Мечкин Камен.


