Денеска во Берово избувна пожар на приватен објект за домување-семејна куќа, на која што веднаш во помош пристигнаа словенечките пожарникари. Со нивната брза реакција и капацитети спречија огнот да се прошири на околните објекти и поголема катастрофа.
Локалното население не престанува да се восхитува на способностите, подготвеноста и опременоста на странските пожарникари кои што ниту од далеку наликуваат на беровските.



