• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Македонско – Косовски воен сојуз?

септември 25th, 2021 Колумна коментари 1154

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Македонско – Косовски воен сојуз?

На 16-ти септември владите на Република Македонија и на Република Косово (кое што не е меѓународно признаено) ја потпишаа СОФА спогодбата која што опфаќа 11 договори за соработка помеѓу Македонија и Косово. Најважните договори се однесуваат на можноста Силите на безбедноста на Косово да влегуваат и престојуваат на територијата на Македонија, физибилити студија за патот Призрен-Тетово, соработка во областа на дијаспората, регулирање на железничкиот сообраќај, соработка во секторите енергија, туризам, контрола на стратешките добра, иновации, технолошки развој и претприемништво и локална самоуправа.

Косовскиот премиер Албин Курти во писмена изјава за СОФА спогодбата изјави „Важна е и посебна е спогодбата СОФА, која го регулира статусот на Силите на безбедноста на Косово, да им се овозможува влез и излез, привремен престој и минување низ (транзит) на територијата на Македонија. Ова ќе биде корисно за двете држави, бидејќи, како што видовме оваа година, покрај тоа што беа партнер и важен воен сојузник, Силите на безбедноста на Косово можат да им помогнат на граѓаните и во операции на спасување [1]“

„Би сакал да ја искористам оваа прилика да ја изразам нашата искрена поддршка за визна либерализација за Косово со Европската унија и да повторам дека Република Македонија е подготвена да ги сподели со Република Косово искуствата од нашето пристапување во НАТО се до пристапувањето на нашиот сосед во НАТО [2]“. Премиерот Зоран Заев нагласи и додаде дека во оваа насока гледа позитивно на распоредувањето на 44 припадници на Армијата на Македонија како дел од мисијата на КФОР на Косово.

Фото автор: IVANA BATEV

Македонската влада го крие договорот, и не дава никакви информации за него, за разлика од властите на Косово, со чија што помош македонската јавност дозна за договорот. Македонската влада потпиша уште еден договор во низа кој што е погубен за Македонија, и ја става Македонија во подредена положба. Македонија и Косово, со посредство на САД и Германија, работат на создавање на воен сојуз, и кон тој сојуз подоцна треба да се приклучат Албанија и Црна Гора. Сојузот претставува одговор на економскиот и воениот подем на Србија, како и блиските односи на Србија со Русија и Кина. Сојузот отворено е насочен против Србија и нејзините интереси. Дали некој во македонската влада, или од претседателскиот кабинет ги ставил на вага сите придобивки и загуби од овој договор, и што тој значи и што може да предизвика во близка иднина?

Курти е во право, најважен дел од спогодбата СОФА е тоа што Силите на безбедноста на Косово ќе можат да влегуваат, транзитираат и престојуваат на територијата на Македонија. Но каде ќе транзитираат? Грција не го признава Косово и нема да дозволи влез на своја територија, Албанија и Косово се инфраструкторно поврзани, и косовските сили можат слободно да транзитираат низ Албанија. Бугарија нема исто да дозволи транзит и влез на косовските сили на своја територија, за да не ги влоши односите со Србија. Ниту Атина, ниту Белград и Софија ќе дозволат Македонија целосно да подпадне под влијание и контрола на Албанија и албанските партии во Македонија. Најверојатно договорот е потпишан со цел припадниците на Силите за безбедност на Косово да можат да учествуваат во воени вежби со македонската армија, и со армиите на некои НАТО држави на Криволак, се со цел зголемување на борбената готовност и обука по НАТО стандарди, се со цел Силите за безбедност на Косово да можат да пружат отпор на српската армија во евентуален воен конфликт во иднина. Сето тоа ќе доведе до тоа Србија да го зголеми разузнавачкото присуство и операции во Македонија. Најверојатно како и на сличните договори кои што ги потпишуваат другите држави, или договорите кои што Македонија ги имаше потпишано претходно со НАТО, и со КФОР за време на неговото присуство во Македонија после конфликот во 2001 година, припадниците на Силите за безбедност на Косово нема да одговараат пред македонските судови доколку сторат некој прекршок или кривично дело на територијата на Македонија. Интересно е и Договорот за соработка на дијаспората кој што го потпишаа Министрите за надворешни работи, и логички се поставува прашањето, интересите на чија дијаспора ќе ги застапува Министерството за надворешни работи на Македонија, на македонската или на албанската дијаспора? Претходно Министерствата за надворешни работи на Македонија и Косово договорија синхронизација на надворешната политика, и имаше случаи кога министерот Османи, или други претставници на македонската влада и институции, при посети на други држави, меѓународни настани, отворено ги застапуваа и се бореа за косовските интереси, а не за македонските интереси. Па дури и напуштија меѓународни настани бидејќи на истите не бил поканет Косово.

И покрај тоа што на сила е резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН за Косово, според која што на Косово не може да има други вооружени сили освен припадниците на КФОР, но Косово, со помош на САД, Германија и Турција отворено ја крши резолуцијата на ОН. Во 2018 година Косово го започна процесот за создавање на Косовска армија, односно трансформација на Силите за безбедност на Косово во функционална армија, со 5 000 припадници и 3 000 резервисти. Од тогаш до денес, со помош на купување на оружје и опрема, и пред се на воени донации од страна на САД, Германија и Турција, почнувајќи од лично вооружување па се до борбени транспортери и оклопни возила, Косово е на добар пат да го заврши создавањето на армијата. Како резултат на тоа, Србија води интензивна кампања на опремување и модернизирање на својата армија со современо оружје и опрема, и дека Србија е спремна за сите сценарија на Косово. Србија ги распореди своите армиски и полициски специјални единици на административната граница со Косово.

Интересно е дека во 2001 година за време на воениот конфликт во Македонија, единиците и припадниците на Косовскиот заштитен корпус (денес Косовска Армија) учествуваа во борбите во Македонија на страната на ОНА против македонската армија, полиција и безбедносни сили. Најзабележана беше улогата на Косовскиот заштитен корпус при битката за Радуша, каде што македонските безбедносни сили со помош на воените хеликоптери и авиони херојски го спречија нападот на Радуша, и им нанесоа големи загуби на ОНА и на Косовскиот заштитен корпус, кои што како резултат на тоа беа приморани да се повлечат на Косово.

Македонската влада свесно си игра со оган, и продолжува да води отворена анти-српска политика, и покрај тоа што Србија и помогна на Македонија со епидемијата, преку донации на вакцини и вакцинирање на македонските граѓани во Србија, плус за време на пожарите летото Србија испрати во Македонија хеликопери за гаснење на пожарите. Србија е еден од најважните трговски партнери на Македонија, а и преку Србија поминува главната артерија на македонскиот извоз во ЕУ. Истовремено, Косово одби да ги испорача на Македонија и осомничените за случајот „Монструм“, со изговор дека не верува во независноста и правичноста на македонските судови. Но очигледно македонската влада продолжува да води погубна надворешна политика. Оваа спогодба ќе доведе до нарушување на односите Србија Македонија, и тој договор ќе има безбедносно-политички импликации врз Република Македонија и нејзината безбедност на долги стази.


Пишува: Тодоровски Дарко

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

[1] https://republika.mk/vesti/makedonija/zaev-potpishal-vojskata-na-kosovo-da-vleguva-i-da-prestojuva-vo-makedonija/

[2] https://balkans.news/2021/09/16/zaev-and-kurti-we-have-strong-political-will-to-strengthen-and-deepen-bilateral-relations-and-cooperation-in-all-areas/

  • Ознаки
  • Колумна

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава За кого работат асфалтерките пред избори во Штип?
Следна објава Маркетинг понуда за локални избори 2021
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 563
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 571
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 569
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 548
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 475
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 901
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 573
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 711
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 704
Жена на денот
Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

1535
Маж на денот
Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

1639
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4275
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

Ное 21st, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.