• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Белград – мост помеѓу Истокот и Западот

октомври 16th, 2021 Колумна коментари 959

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Белград – мост помеѓу Истокот и Западот

Распослан на бреговите на двете моќни реки Дунав и Сава се наоѓа Белград, центарот на Балканскиот полуостров и на бивша Југославија. На местото каде што Сава се влева во Дунав се издига моќната средновековна тврдина Калемегдан која што му дава посебна убавина и шмек на Белград. Во близина е и познатата улица Књаз Мијахлова низ која што постојано тече енергија и живот, како и Скадарлија – улицата на кафаните, а над Белград се надвиснува Авала. Белград повторно е мост помеѓу Истокот и Западот, и деновиве Белград и Србија добиваат на дипломатска и на геополитичка тежина како и за времето на Југославија.

Балканот во периодов беше центарот на светот, поради самитот на „Движењето на неврзаните“ кој што се оддржа во Белград. Белград, како и во 1961 година во времето на Југославија и Тито, повторно блесна во сиот свој сјај и деновиве е центар на светската јавност. На 11-ти и 12-ти октомври во Белград се одржа самитот на „Движењето на неврзаните“. Србија како наследник на Југославија го поддржува континуитетот на надворешната политика на Југославија. Македонија иако беше дел од Југославија, не беше присутна на самитот, и тоа е огромна грешка. Водењето на едновекторска надворешна политика и носи штета на Македонија на долги стази. Македонија можеше со учество како набљудувач на самитот да стекне нови пријателства, да ги зајакне постојните, како и да отвори нови пазари за нашата економија. Но за жал Македонија нема реална и самостојна надворешна политика. Македонија истовремено е толку блиску, а толку далеко, кога во прашање се такви настани, нивна организација, или учество на истите. За разлика од Македонија, Србија се води од девизата „Не е важно дали мачката е црна или бела, важно е да лови глувци“.

„Движење на неврзаните“

Србија и Азербејџан беа заеднички организатори на самитот на „Движењето на неврзаните“, кој што беше најголем таков самит оддржан во 2021 година.  Во Белград присутни беа државници и високи владини делегации од 105 држави, 40 министри за надворешни работи, девет меѓународни организации, вкупно повеќе од 600 делегации, и за нивната безбедност се грижат повеќе од 3 000 полицајци, војници и припадници на безбедносните служби. Гостите на аеродромот Никола Тесла беа пречекани од страна на министрите за надворешни работи на Србија и Азербејџан, Никола Селаковиќ и Џејхун Бајрамов. Почесни гости и звезди на самитот беа рускиот и турскиот Министер за надворешни работи, кои што одржаа говори на самитот. Официјално обраќање на самитот имаа претседателите на Србија Александар Вучиќ и на Азербејџан, Илхам Алиев.

„Драги пријатели, добре дојдовте дома. Белград бил и ќе биде добар домаќин на секое човечко битие кое ја носи пораката на мирот. Белград секогаш бил точка на спојување на Исток и Запад. Многу сум радосен поради тоа што и денеска сме домаќини на еден таков самит. Не би требало да ја заборавиме главната улога што Движењето на неврзаните ја одигра во зачувувањето на мирот во светот. Покрај сите подеми и падови, историјата на Движењето на неврзаните е успешна приказна. Правото да се одлучи за сопствената судбина не е грев, туку право кое мора да им припаѓа на сите, без оглед на силата, богатството и моќта што ја имаат. Србија никогаш нема да го сврти грбот на пријателите[1]“ – изјави Вучиќ во воведното обраќање.

Алиев имаше онлајн обраќање, ги поздрави присутните гости и им посака успешна работа. При тоа Алиев изјави „„За жал, двојните стандарди поврзани со нормите на меѓународното право и одлуките на меѓународните организации, употребата на селективен пристап негативно влијае на фер решавање на конфликтите во светот. Во текот на изминатите 30 години, Азербејџан исто така претрпе таков селективен пристап “.

Бидејќи пред неколку години Србија разбра дека во блиска иднина нема да се приклучи кон Европската унија, Србија пристапи кон водење на повеќе векторска надворешна, економска и одбранбена политика, како и во времето на Југославија. Србија пристапи кон обновување на старите врски и контакти со државите членки на „Движењето на неврзаните“.  Уште во 2007 година Србија објави воена неутралност, односно дека нема да се прикличи ниту кон еден воен сојуз во светот. Како резултат на тоа, Србија денес е мека за странски инвестиции и од Кина, Русија, Јапонија, Обединетите Арапски Емирати, Турција, но и од Германија, Франција, Австрија, Италија и САД. Како резулат на тоа, во кризната 2020 година, Србија имаше повеќе од 3 милијарди долари странски инвестиции, и српскиот БДП имаше најмал пад во Европа. Во последните 5 години Србија има околу 15 милијарди директни странски инвестиции, што е импресивно. Србија својата одбранбена политика ја заснова на својата одбранбена индустрија, но и на купување на оружје и поддршка од Русија, Кина и Франција. Во последните неколку години српската воена индустрија воскресна, и Србија извезе оружје и воена опрема за повеќе од три милијарди долари. На надворешен план, најважно за Србија е да ја спречи признавањето на независноста на Косово од меѓународните институции, и да го блокира влегувањето на Косово во Обединетите Нации. За таа цел, Србија се потпира на помошта на руската и кинеската надворешна политика.

„Движењето на неврзаните“, чии што основачи беа Југославија, Египет и Индија, првта конференција ја одржа во Југославија во септември 1961, и на неа учествуваа 25 земји. Тоа беше проект на претседателите на Египет, Индија и Југославија,  Насер, Нехру и Тито. Конференциите потоа се одржуваа на секои три години во различни држави и движењето денес брои 120 членки и 17 држави-набљудувачи, и во државите-набљудувачи денес се Србија, Кина, Бразил и Русија. „Движењето на неврзаните“ е најголемата група држави по Обединетите нации кое што се појави во екот на Студената војна како противтежа на спротивставените блокови предводени од САД и Советскиот Сојуз.

За организација на таков голем самит, посебно во време на светска епидемија, е потребна беспрекорна логистика и организација. А Србија покажа дека може и дека е достојна да организира настани од светски карактер. Самитот е одлична реклама и маркетинг на Белград и на Србија и ќе доведе до зголемување на угледот на Србија на меѓународно ниво, за зголемување на трговската размена на Србија, зголемување на поддршката на Србија за Косово како и зајакнување на партнерството со 104 држави од светот. 

На дводневниот самит на Движењето на неврзаните земји не беа донесени никакви значајни одлуки, ниту пак беа потпишани важни документи, меморандуми.  Собирот во Белград претставува начин да се одбележи 60-годишнината од првата конференција на Движењето на неврзаните што беше одржана на 1 септември 1961 година во Белград. Но за време на самитот, повеќе лидери ја истакнаа потребата од редефинирање на политиката на „Движењето на неврзаните“, се со цел истото денес, во 21 век, во време на турбулентни економски и геостратешки промени, да го пронајде своето место, и истото да има свое влијание и тежина при креирањето на новите светски текови, и на економските промени на светско ниво. Останува да видиме дали ќе дојде до реализација на тие повици, особено ако се знае шароликоста на движењето, и дека во него членуваат држави кои што имаат нерешени спорови, или се регионални непријатели.

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

  • Ознаки
  • Белград
  • Дарко Тодоровски
  • Колумна
  • меѓународни односи
  • Србија
  • став

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава ВМРО-ДПМНЕ изнесе во јавност имиња на лица кои вршат предизботрен поткуп ширум државата
Следна објава Дали поединци во МВР злоупотребуваат функции? Кандидат за градоначалник на опозицијата во источна Македонија повикан на информативен разговор
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 552
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 562
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 562
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 538
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 468
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 893
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 569
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 706
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 697
Жена на денот
Шилоу Џоли Пит се повеќе се навикнува на телевизиските камери

Шилоу Џоли Пит се повеќе се навикнува на телевизиските камери

693
Маж на денот
Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

1226
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Неделни топ 5 на Брегалнички
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 2022 584
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 201727
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202125
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201921
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.