• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

АНА ЉУБИЌ: ДА НЕ ЗАДОЦНИМЕ

декември 7th, 2021 Колумна коментари 406

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
АНА ЉУБИЌ: ДА НЕ ЗАДОЦНИМЕ

Премногу доцна сфаќаме дека сега навистина е доцна и нема што веќе, па слободно би можеле да ставиме точка а не три точки и продолжение. Тогаш нема потреба од лажните жалења, од солзи кои не го чистат образот, од збор кој не може да избрише илјадници зборови кои претходно биле кажани. Се почесто премногу доцна сфаќаме дека е навистина доцна. Е тогаш ниту си жив, ниту мртов, онаа полу си, онаа кое те дели од оној и овој свет, се држиш за суво гранче, и види едно зелено ливче само, е тоа ливче си ти, па види дали сувата гранка ќе се откине или едно мало зелено ливче ќе успее да ја спаси, всушност да се спаси. Ние навистина премногу доцна сфаќаме дека навистина е доцна и како кажале -ножот е дојден до коска. Е кога веќе е така си плукаме по племето и семето, и мајката ни света и оваа судба клета, и што луѓе ќе бевме, брзај сегде не стасувај нигде, грабај и грабај за себе, за детето, за внукот, правнукот и за не знам кој уште не, и грабај оти малку е се, а несвесен дека од тука празен ќе заминеш и ништо не ќе оставиш, брзај пред времето, да пораснеш, да станеш полнолетен, да возиш, да одиш во школо, брзај да завршиш факултет во рок за да побрзо си фатиш место во биро,брзај дома, на работа, на кафе за да кажеш збор два оти веќе си преморен свесно или пак сосем не, брзај да стапиш во брак, да имаш жена, маж, дете, куќата да ти е чиста, детето како издресирано кутре кои ќе ги слуша командите, бидејќи ти брзаш и немаш време чекор по чекор да уживаш во секој миг од животот не знаејќи дека можеби тој миг е твој последен, не знаејќи дека тебе утре може да те нема, не знаејќи дека ќе појдеш на пат и повторно нема да се вратиш, не кажуваш догледање оти доцниш… а не знаеш дека тоа е тивко збогум.

Само брзај да ги штиклираш сите задачи кои животот ти ги дал, само брзај и оди, а се запраша ли себе си до кај сум. 

Што сум, кој сум, што правам, дали навистина постојам како човек или само фигура која брза да ги исполни своите задачи.

И знам, нема секој да се сложи со моето излагање, па ќе испише низа коментари, па не било вака,било така, а сите ние всушност брзаме и кога ќе ни се случи нешто големо за жал е тогаш на миг се враќаме во живот. Па зарем треба да чекаме да се случуваат трагедии за да се освестиме дека овој живот нема цена и нема реприза, зарем треба да загубиме за да добиеме вистинска и права вредност на животот, зарем треба да гледаме како цело семејство згаснало, како мајка гушната со своите дечиња изгорела, зарем треба да гледаме како младост згаснува за да во нас бури се вселат, зарем треба да гледаме како голема љубов умира за да ние ја почуствуваме вистинската љубов, најубавата младост… Ех луѓе,луѓе не сме свесни дека животот ни мина во брканици,турканици,трчање,лажно љубење, судење без знаење,зборови кажани без каење, делење на наши и ваши, со прст вперување брат на брата,предрасуди  и презири, на оние и овие, а ние да сме ти биле едно, сите од крв и месо, само различна е облеката и говорот, меѓусебно почит немаме а бараме преку граница да не’ почитуваат, меѓусебно се колеме а сакаме некој од надвор да не’ милува. Е нема, се дури живееме во заблуда а немаме соживот ќе си патиме, и верувајте никој нема да ни помогне, секој лажно ќе се сожалува а вистински ќе се радува како тонеме. Се е до нас и во нас! Ние сме едно, не важно како зборуваш, човек си…за да не биде премногу доцна кога навистина ќе е доцна. Љуби сакај живеј со полни гради,полека, ќе стигнеш се,прегрнувај топло,нежно и силно,ветувачки дека тоа нема да е последно, не суди, затоа што сите сме грешни, подели и помогни ако можеш, ама не посегнувај по туѓото, голем си ако се радуваш на туѓиот успех и среќа, а не алчно да прибираш и грабаш за себе, почитувај ја жената која те роди, таткото кој за тебе постои, и секој стар човек па и просјак да е, почитувај ги рацете кои те пораснале и учи ,учи како ти треба некого да пораснеш. Не брзај, ќе стигнеш, и пак да не чекаме да се случуваат трагедии за да се освестиме каков живот живееме. На пат сме и не знаеме каде и како ќе завршиме, но да направиме еден поинаков живот за нашите деца.

Размисли како живееш дури навистина не стане доцна.

Пишува: Ана Љубиќ

  • Ознаки
  • Ана Љубиќ
  • Колумна

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава СДСМ И ДУИ ПОСЛЕ 4 ИЗГУБЕНИ ГОДИНИ ГО ПРОДОЛЖУВААТ ПРОЕКТОТ ЗА ТОПЛИФИКАЦИЈА НА БИТОЛА, МОГИЛА И НОВАЦИ ЗАПОЧНАТ ОД ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ
Следна објава AПЛИЦИРАЊЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА СЕРТИФИЦИРАНИ КАКО РАСТИТЕЛНО И СТОЧАРСКО ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 549
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 561
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 562
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 537
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 467
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 888
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 568
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 705
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 696
Жена на денот
Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

607
Маж на денот
Скот Аткинс - Боречки  уметник кој го води актерството

Скот Аткинс - Боречки уметник кој го води актерството

1342
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 779
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202236
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201924
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.