• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Трка во вооружувањето помеѓу Србија и Хрватска

ноември 9th, 2021 Колумна коментари 534

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Трка во вооружувањето помеѓу Србија и Хрватска

Во последно време балканските а и светските медиуми се почесто зборуваат за „трка во вооружувањето“ помеѓу Хрватска и Србија. Модернизацијата на вооружените сили на двете земји се нарекува и „битка за влијание“ и „проекција на политичко ривалство“, но и прашање на престиж. Во меѓувреме, главната цел на двете држави е одржување на борбената готовност на армиите на релативно пристојно ниво, кое што е далеку од моќта и силата на Југословенската народна армија. Темата е посебно актуелна како резултат на ескалацијата на ситуацијата во Косово и Метохија, како и во Босна и Херцеговина (Република Српска). И Белград и Загреб почнаа да ги опремуваат и модернизираат своите вооружени сили во 2014 година. До тој момент и двете армии беа во очајна состојба, бидејќи од почетокот на 2000-тите и бројот на војниците и бројот на воената опрема постојано се намалуваа, особено во српската армија, како резултат на притисокот од страна на САД и НАТО.         

И двете армии почнаа да излегуваат од стагнација речиси истовремено, иако со нијанси: Србија прогласи политика на воена неутралност во 2007 година, а Хрватска се приклучи на НАТО во 2008 година. Денес главни стратешки партнери на Србија на полето на воено-техничката соработка се Русија, Франција, Германија и Кина, а Хрватска – САД, Финска, Израел и Германија. Во рангирањето на воениот потенцијал на земјите од Global Firepower, кое зема предвид 55 различни фактори, Србија во 2020 година го зазеде 65-то место во светот, а Хрватска на 69-то. Ако се споредат армиите на Србија и Хрватска во однос на техничката опрема, тогаш Србите имаат повеќе воздухопловни средства (106 наспроти 79) и копнена тешка воена опрема (1071 наспроти 669). Сепак, како што може да се види од списокот со оружје објавен на официјалната веб-страница на Војската на Србија и на Војската на Хрватска, најголемиот дел од опремата е од времето на Југославија.

Воена супериорност на Армијата на Србија

Во текот на изминатите 7 години, Србија започна амбициозна програма за модернизација на својата армија, и создавање на армија на 21 век. Србија традиционално го расшири воено-техничката соработка со Русија, Белорусија, Франција и со Кина. Како резултат на донацијата и модернизацијата на борбените авиони МиГ-29 од страна на Русија и Белорусија до ниво МиГ-29СМТ, набавката на хеликоптерите Ми-35М, Ми-17В-5, Х-145М, донацијата од Русија на 30 модерни тенкови Т-72МС-Орел како и на 30 борбени возила за извидување БМРД-2МС од Русија, системи за противвоздушна одбрана Мистрал од Франција, Панцир-С1 од Русија, противвоздушните ракетни системи ХК-22 од Кина, а исто така и ударни беспилотни летала CH-92A и CH-95 од Кина и развојот со помош на Кина на сопствено ударно беспилотно летало Пегас, набавката на нови против-тенковски системи, модерни системи за радио-електронско војување „Красуха 4“, производството на сопствени модерни артилериски системи Нора Б-52, оклопни борбени возила Лазар 3, Милош и Деспот, како и друга воена опрема, српската армија е далеку посилна од хрватската, која заостанува во неколку области, пред се во однос на воздухопловните сили и воздушната одбрана, по бројот на артилериски системи и по бројот на тенковите.

Белград би сакал да купи четири повеќенаменски борбени хеликоптери Ми-35М, три хеликоптери Ми-17 од Москва, да изнајми една ескадрила јуришни борбени авиони Су-25, како и противтенковски системи Корнет. Се шпекулира и дека Србија во иднина има намера да набави руски ПВО системи Бук М1 и противвоздушни ракетни системи С-300 или С-400. Србија истовремено нарача дополнителни хеликоптери Х-145М од европскиот конзорциум AIRBUS (хеликоптерите заеднички ги произведуваат Франција и Германија), како и 2 транспортни авиони AIRBUS C295 од Шпанија, плус Србија потпиша меморандум за соработка со италјанскиот одбранбен гигант Леонардо за модернизација на јуришните авиони Ј-22 Орао. Во блиска иднина Србија најверојатно од Русија ќе купи и борбени авиони од 4-та + генерација, Су-30СМ или МиГ-35, со чија помош ќе оствари доминација и контрола над балканското небо.

          Со помош на амбициозната модернизација Србија создаде најсовремена и најсилна армија од земјите од бивша Југославија. Српската армија денес е далеку посилна и од армијата на Република Бугарија. Со помош на современата армија, Србија ќе може да ја проектира својата надворешна, воена и економска политика во регионот.

Модернизација на армијата на Хрватска по НАТО стандарди

Во врска со плановите за влез во НАТО, Хрватска беше обврзана да ја доведе својата воена опрема на западните стандарди, пред сè на американската, а исто така и да го напушти југословенското, советското и руското оружје. Затоа една година пред влезот во алијансата – во 2007 година, Хрватска почна со имплементацијата на амбициозна програма за модернизација на вооружените сили, но работите полека се движеа до 2014 година, кога Загреб почна да добива воена помош од САД. Во 1999 година, Загреб купи радари од Американците за следење на воздушниот и морскиот простор. Понатаму, Хрватите добија од Соединетите Американски Држави 16 лесни повеќенаменски хеликоптери Bell OH-58D Kiowa (кои Америка претходно ги отстрани од употреба) и 214 оклопни возила на тркала со засилена заштита од мини (меѓу нив 4 Cougar HE, 147 M-ATV, 37 International MaxxPro, 20 BAE Systems RG -33 HAGA) – патем, и овие оклопни возила беа „извадени од билансот“ од Американците на крајот на операцијата во Ирак и Авганистан. Во ноември 2019 година, Агенцијата за одбранбена соработка (DSCA) испрати известување до Конгресот за планираната продажба на два нови повеќенаменски хеликоптери Sikorsky UH-60M Black Hawk во Хрватска. Испораката ќе се изврши во рамките на програмата FMS, вкупната цена на трансакцијата ќе биде 115 милиони американски долари. Истовремено, Хрватска во 2020-2021 година ќе добие два нови хеликоптери UH-60M од САД во вид на воена помош, а до крајот на 2020 година ќе прифати како подарок 84 пешадиски борбени возила М2А2 Бредли, во модификацијата ODS.

Во 2014 година, Загреб нарача 16 самоодни артилериски држачи Panzerhaubitze (PzH) 2000 од Германија за 55 милиони евра со можност за купување уште шест. Во јули 2007 година, по долги тендери и тестирања, хрватското Министерство за одбрана го избра финскиот Patria AMV како ново оклопно возило за хрватската армија. Во моментов, 126 такви возила се во функција (84 возила беа нарачани во 2007 година, 42 повеќе во декември 2008 година). Вреди да се напомене дека првите 6 беа произведени во Финска, а останатите – веќе во Хрватска, од холдингот Ѓуро Ѓаковиќ, како резултат на трансферот на технологија од страна на Финците.

          Хрватска во септември 2021 година го објави победникот на тендерот за набавка на нови помеќенаменски борбени авиони за потребите на хрватското воено воздухопловство. Победник е француската компанија Dassault Aviation. Интересен е податокот дека се работи за борбени авиони втора рака Rafale F3Rs, и дека станува збор најголемиот воен тендер објавен од државите од бивша Југославија. Станува збор за тендер во висина од 1 милијарда евра за набавка на 12 борбени авиони Rafale F3Rs со целосен пакет на логистика, вооружување и оддржување на авионите, плус обука за хрватските пилоти. Во иднина се планира и набавка на противвоздушни системи со долг дострел – американските системи за противвоздушна одбрана Патриот. А Хрватска се надева дека ќе ја затвори потребата за зајакнување на артилеријата благодарение на донацијата на американските универзални оперативни ракетни системи M270 MLRS, кои се користат како ракетен систем за повеќекратно лансирање и лансирање тактички проектили со дострел до 150 километри.

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

  • Ознаки
  • Балкан
  • Дарко Тодоровски
  • Колумна
  • Србија
  • Хрватска

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Џевдет Хајредини за Дардишта: Нека се објави колку плата зема како член на Бордот на ТЕЛЕКОМ и ќе стане јасно зошто се плаши ДУИ да ја изгуби власта
Следна објава Делчево – град со иднина или град во изумирање?
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 618
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 633
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 617
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 602
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 531
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 970
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 616
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 757
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 799
Жена на денот
За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

1323
Маж на денот
Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

1974
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201924
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201818
Во мојот град веќе не врне...
Колумна

Во мојот град веќе не врне...

Јан 22nd, 202017
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.