На денешен ден во 1943 од бугарскиот фашистички окупатор е убиен народниот херој Раде Јовчевски Корчагин.
Или по ново, низ призма на северните евроатлански фундаменталисти
Корчагин и другарите се обиделе да се префрлат во куќата на Јорда Нешевска. Претходно некој загрижен и политички коректен граѓанин ги информирал властите кај се наоѓаат Корчагин и другарите и така настанала бркотница по улиците со бугарската полиција која никако не била фашистичка. Значи никако. Во најлош случај профашистичка, во најдобар полиција за добрососедска администрација која патем во бркотницата најдобронамерно пукала по нив.
Корчагин прво паднал ранет, а потоа, дур лежи, со неколку куршуми, најдобронамерно, значи само со добри мисли, најдобрососедски, е убиен, а доброчинителите кои го убиле, дур пукале во него, најмилозвучно и поетски му извикала ЕВЕ ТИ ЈА СЛОБОДАТА.
Вечна слава на херојот!
#СФСН!
Смрт на евроатланскиот фундаментализам, слобода на народот!
-фејсбук статус на Саше Јанчев од Левица


