• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

За 100 дена градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ избрани од народот покажаа квантитативна и квалитативна разлика во работењето на општините

февруари 20th, 2022 Колумна коментари 425

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
За 100 дена градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ избрани од народот покажаа квантитативна и квалитативна разлика во работењето на општините

Ако јавноста во изминатите 4 години беше навикната на крајна затвореност, ниско ниво на демократија и високо ниво на партиски елитизам на градоначалниците на СДСМ кои што во 2017 година беа избрани на локалните избори, во последните 100 дена ваквата слика почна драстично да се менува.

По изборите одржани во октомври минатата година, јавноста може да види посветени градоначалници кои што секој момент од мандатот доверен од народот го користат за подобрување на животот во нивните општини каде што им е укажана довербата од граѓаните. Наспроти сликата на канцелариски градоначалник опкружен со партиски “YES-серовци” какви што беа мнозинството градоначалници во изминатите 4 години, во последните 100 дена секојдневно јавноста може да ги види своите градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на терен и во постојана комуникација со граѓаните и медиумите и јавноста.

Со тоа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа и докажаа дека со дела и работа може да се промени сликата и реалноста во општините. Неминовно на ваквата посветеност за само 100 дена почнаа да се редат и проектите за граѓаните низ сите општини во државата каде што довербата е дадена на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри. Реализирани се многу капитални проекти за подобар живот на сите граѓаните изразени преку конкретни бројки но и забележително подобрување на квалитетот на живот.

Од партијата соопштија дека од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се започнати или се во фаза на реализација повеќе од 1090 проекти. Од нив над 160 капитални проекти, а започнати се со проектирање, реконструирање или градба и 33 градинки и 68 училишта.

“За само 100 дена, 206 улици и патишта се изградени или реконструирани, а над 110 водоводни и канализациони мрежи. ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги менуваат општините, промени кои ги чувствуваат сите граѓани. 100 дена ниту еден отчет од страна на градоначалниците СДСМ и ДУИ. Додека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат и носат промени, граѓаните се сведоци на неработата на градоначалниците на СДСМ и ДУИ. Ниту еден отчет, ниту проект видлив за граѓаните од над 20-тина градоначалници од власта на СДСМ и ДУИ,”

-соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ за работата посветана на подобар живот на граѓаните.

Очекувањата на граѓаните низ општините ширум Македонија од нивните градоначалници се големи. Само со постојана работа, со многу знаење и со високо ниво на професионализам работите можат да се подигнат на едно повисоко ниво на учинок и реализација. Несомнено одредбите и залагањата на ВМРО-ДПМНЕ за нулта толеранција на корупцијата која што и тоа како беше присутна во мандатите на градоначалниците на СДСМ, е високиот стандард кој што треба да биде постигнат во име на подобрата заедничка иднина за сите граѓани на Македонија. Редно време беше да престане користењето на општинските тендери за финансирање на фирми блиски до власта на штета на квалитетот и цената на чинење за вршењето на поголемиот дел од услугите од економските оператори кон општините. Конкурентноста на пазарот мора да биде гарантирана на фер основи почнувајки од секое населено место во секоја локална заедница, општина па се до фер конкурентност на регионално и национално ниво. Сузбивањето на конкурентноста и квалитетот во име на протекционизмот на поединци и фирми блиски до власта е рак рана која што од корен ја разнебитува нашата државност во последните 30 години. На ваквата состојба се надоврзува корумпираноста на правосудните органи кои што го задаваат смртоносниот удар на секоја една искра надеж дека работите можат да се подобрат во иднина.

Со новите градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ патот кон целта е започнат. На ваквата енергија мора неминовно да се надоврзат високи стандарди на централната власт, како и судско-обвинителскиот систем на функционери во име на народот и за доброто на народот.

Пишува: Кирчо Анастасов

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава СДСМ шверцерски како и секогаш на неделовнички начин во парламентот турка закон за целосна партизација на образованието
Следна објава Саше Јанчев од Левица на "европски коректен јазик" ги објасни моментите пред смртта на Раде Јовчевски Корчагин
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 543
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 555
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 548
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 534
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 454
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 879
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 562
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 699
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 679
Жена на денот
Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

1566
Маж на денот
Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

2142
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201821
Христијан Мицкоски со честитка по повод верскиот празник Рамазан Бајрам
Македонија

Христијан Мицкоски со честитка по повод верскиот празник Рамазан Бајрам

Јун 4th, 201919
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.