“Како награда за криминалите во правда, Таче го префрли во евроинтеграции. Затоа, сега Маричиќ нека ја искористи првата можност и нека ѝ објасни на Европа како се прави деблокада на сметка и се одлага судско извршување за фирмата “Интракат”.
Имено, “Интракат” е со блокирана сметка од февруари 2020. Сметката ѝ е одблокирана во ноември 2021, за да ѝ се префрли милионската сума на евра од страна на министер во заминување. Министерот во заминување е Филипче, а овој што дава наредби по судови е Маричиќ.
Иако нашата интерпелација за Маричиќ, како министер за правда, “заглави” во Собрание, овој “евроинтегративец” не смее да заглави на патот кон правдата. Ама, не онаа неговата од “Нема правда и нема мир”, туку онаа вистинската, во која нема повеќе да влијаат премиери, министри, бизнисмени и фамилии.
#ФилипчеМаричиќКримиКооперативци“
-интегрален текст на реакција на пратеничката Дафина Стојаноска


