• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Фашизам 2.0: актуелни предизвици за меѓународната безбедност

март 19th, 2022 Колумна коментари 403

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Фашизам 2.0: актуелни предизвици за меѓународната безбедност

На 16 март, Псков беше домаќин на Меѓународната научна и практична конференција „Фашизам 2.0: актуелни предизвици за меѓународната безбедност [1]“. Конференцијата беше организирана од Министерството за наука и високо образование на Руската Федерација, Државниот универзитет Псков, Здружението на историчари на сојузната држава (Русија и Белорусија) „Синдикална иницијатива за меморија и согласност“, Фондацијата „Историска меморија“ и Фондација за промоција на веродостојни историски истражувања „Веродостојна Историја“. На конференцијата  учество зедоа научници, експерти, историчари од Финска, Белорусија, Македонија, Јужна Кореја. Домаќинот Русија ја претставуваа историчари од Москва, Санкт Петербург, Волгоград, Улјановск, Хабаровск и од Псков[2].

Ми беше задоволство да земам учество онлајн преку платформата Zoom на конференцијата како единствен претставник од Македонија и Балканот. Темата на мојот настап беше „Заканите од политиката на двојни стандарди на Западот во оценувањето на активностите на деструктивните националистички структури по примерот на Косово и Метохија и Македонија“.

„Заканите од политиката на двојни стандарди на Западот во оценувањето на активностите на деструктивните националистички структури по примерот на Косово и Метохија и Македонија“ „Ние на Балканот најдобро на своја кожа ја почувствувавме и ја чуствуваме лицемерноста и двојните стандарди на Западот и ден денес. Поддршката од страна на Западот за националистите во Југославија имаше големо влијание за крвавиот распад и војните на територијата на Југославија. САД и НАТО за време и после распадот на Југославија ги искористија потомците на соработниците на Хитлер и Мусолини во Втората Светска Војна, за да ги остварат своите геостратешки цели на територијата на поранешна Југославија. На Балканот сите го паметиме крвавиот распад на Југославија, како и бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година. САД и НАТО без одлука на Советот за Безбедност на ООН 78 дена ја бомбардираа Југославија во 1999 година. САД и НАТО тогаш свесно го прекршија меѓународното право. А во 2008 година, и покрај Резолуцијата 1244 на Советот за Безбедност на ООН, САД и Западот ја прекршија истата и го признаа Косово, кое од тогаш функционира како квази држава. После 1999 година и покрај присуството на силите на КФОР на Косово, српското население постојано е изложено на разни напади, прогони. Во 2004 година беа уништени и оштетени огромен број на православни цркви, манастири, како и домови и бизниси на српското население. Од 1999 година па до 2020 година, повеќе од 300 000 Срби беа принудени да ги напуштат своите домови и огништа на Косово засекогаш. НАТО тврдеше дека во 1999 година интервенирал воено за да го спречи геноцидот против албанското население на Косово, но ниту НАТО, ниту КФОР потоа не го спречија геноцидот против српското население.

Во 2001 година во Македонија се случи вооружен конфликт, кој што беше на работ да прерасне во граѓанска војна. И покрај тоа што почнувајќи од 1999 година на Косово беше разместен огромен контингент на КФОР, во 2001 година терористички групи од Косово започнаа да изведуваат напади и да воспоставуваат контрола над одредени територии на границата помеѓу Македонија и Косово. КФОР на никој начин не се трудеше да го спречи тоа. Под притисок на САД и ЕУ, Македонија во август 2001 година се согласи на преговори и на крајот беше потпишан Охридскиот рамковен договор. САД и ЕУ ја принудија Македонија да го спроведе до крај договорот, и покрај тоа што истиот е негативен за Македонците е на крајот доведе де факто до федерализација на Македонија.

Но, за да се разбере зошто се случи бомбардирањето од страна на САД и НАТО против СР Југославија во 1999 година, како и воениот конфликт во Македонија во 2001 година, потребно е да се вратиме во периодот пред и за време на Втората Светска Војна. истите тие што во Втората Светска Војна беа на страната на Нацистичка Германија, Фашистичка Италија, во 1999 и во 2001 година беа поддржани од САД и од НАТО, на Косово и во Македонија. Во 1939 година во Албанија е формирана организацијата „Бали Комбетар“, која што имала фашистичка и нацистичка идеологија, и главна цел на оваа организација било создавањето на Голема Албанија, која покрај Албанија, во себе би ги вклучувала териториите на Косово, делови од западна Македонија, делови од јужна Црна Гора, како и делови од Грција. Во Втората Светска Војна балистите се приклучиле кон силите на Оската, војувале на страната на Нацистичка Германија и Фашистичка Италија. Балисти учествувале заедно со единиците на Вермахтот во борбата против партизаните и палењето на селата во Албанија, Косово, Грција и Македонија. Членовите на организацијата служеле во германски воени единици како 21-та СС дивизија „Скендербег“, баталјонот „Љуботен“ и полкот „Косово“. Балистите биле познати по својата свирепост и бруталност, како и по многубројните воени злосторства на територијата на западна Македонија, Косово, и делови од Грција. И по завршувањето на Втората Светска Војна балистите не се предавале и пружале силен отпор. Но во 1947 година истите биле воено поразени и разбиени, и голем дел од преостанатите балисти, добиле азил и емигрирале во Западна Европа и во САД.

Својот настап го завршив со спорот помеѓу Македонија и Бугарија, поради кој што Македонија не може да ги почне преговорите со ЕУ.

„Истата онаа Европска Унија, која што се залага за човекови права, за почитување на меѓународното право, и дека сите држави се еднакви, отворено застана зад Бугарија и нејзините нерационални и националистички барања во однос на Македонија. Бугарија отворено бара од Македонија да се откаже од историјата во периодот на Втората Светска Војна, историја во која што Македонија била на праведната страна, на страната на победниците, а Бугарија беше на страната на поразените. Врз победата на македонските партизани во Втората Светска Војна се удрени темелите на современа Македонија. Доколку Македонија се откаже од својата светла страница од историјата, подлегне под притисокот на ЕУ и на Бугарија, и прифати дека Бугарија не била окупатор во Втората Светска Војна, туку била администратор, тоа ќе биде евидентен пример за препишување на историјата и за нејзина фалсификација. Но тоа нема да помине по никоја цена“.

За време на конференцијата, експертите разговараа, дискутираа и одговараа на прашањата на присутните за историјата на фашистичките организации во различни земји во светот, обидите да се ревидира и фалсификува историјата за периодот на Втората Светска Војна во Европа.  Беше решено да се пристапи кон заедничка борба против ревидирањето и фалсификувањето на историјата, и по секоја цена да се сопре глорификацијата на нацизмот ширум светот, како и неговото воскреснување. Беше решено во иднина да се оддржат повеќе вакви конференции на истата тема, како и да се пристапи кон разработка на разни стратегии за борба против фалсификувањето на историјата[3].

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар


Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Поранешниот британски премиер Дејвид Камерун во хуманитарна мисија доставува помош за Црвениот крст во Полска
Следна објава Власта наместо да се сврти кон реалните проблеми на граѓаните, поради неспособност дефокусира со националистички теми
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 618
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 633
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 617
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 602
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 531
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 970
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 616
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 757
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 799
Жена на денот
Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

1627
Маж на денот
Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

2205
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201925
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201818
Во мојот град веќе не врне...
Колумна

Во мојот град веќе не врне...

Јан 22nd, 202017
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.