Поранешниот британски премиер од редот на Конзервативната партија Дејвид Камерун преку социјалните мрежи сподели своја фотографија како возач на камион со хуманитарна помош која патува за Полска за бегалците од војната во Украина.
Моментално возам кон Полска со двајца возачи- колеги за да извршиме достава за Црвениот Крст. Ќе биде долг пат, но ќе ве известувам попатно. Стоиме со Украина.
-напиша на социјалните мрежи Дејвид Камерун.


