• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна
Репортажи

Ексклузивно од Волноваха – Битката за Волноваха

април 2nd, 2022 Колумна, Репортажи коментари 631

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Ексклузивно од Волноваха – Битката за Волноваха

Секоја војна сама по себе е трагедија. Во тоа јас со свои очи се уверив во Украина, поточно во областа Донбас, каде што од 2014 година се води граѓанска војна, која што на 24-ти февруари прерасна во војна помеѓу Русија и Украина.

За време на престојот во Волноваха имав чест да поразговарам со полковник на армијата на Руската Федерација за битката за Волноваха, каде што тој го имал главниот збор во планирањето и спроведувањето на воената операција за ослободување на Волноваха. Полковникот ги пофали неговите војници и офицери дека ги исполниле поставените задачи, и исто им оддаде признание на украинските војници за достојниот отпор кој што го пружиле.

После разговорот со полковникот на 58-та армија на Руската Федерација (од безбедносни причини неговото име нема да биде објавено), кој што е одговорен за воената операција на правецот Доњецк – Волноваха, кратка реконструкција на битката за Волноваха.

Со исклучок на Мариупол, Волноваха е градот каде што досега се водени најжестоките борби на територијата на Украина, поточно на Донбас. Волноваха е првата голема воена победа за руската и за доњецката армија од почетокот на војната помеѓу Русија и Украина на 24-ти февруари. Битката за Волноваха се траела од 27-ми февруари до 11-ти март, и истата завршила со победа за доњецката и руската армија.

Волноваха е град кој што е оддалечен 57 километри од Доњецк, и град кој што има стратешка важност, бидејќи во градот се наоѓа стратешки железнички јазол, огромен железнички центар, складови и депоа, и низ Волноваха минува главната железничка пруга за Мариупол и за Доњецк. Плус низ Волноваха минува автопатот Славјанск – Доњецк – Мариупол. Волноваха има и стратешка важност од воена гледна точка. Со ставањето на Волноваха под контрола, руската и доњецката армија можат да напредуваат на север, и од крилата да ја опкружуваат главнината на украинската армија која што е стационирана во конгломератот Славјанск – Краматорск. Исто се отвора можност за слободно движење на единиците на југ, во правец на Мариупол. Со ставањето во повторна функција на железницата, значајно ќе биде олеснета логистиката на руската армија, како и нејзината мобилност.

Според пописот од 2021 година, во Волноваха живееле околу 21 000 граѓани. Но добар дел од населението по почетокот на војната се евакуирало и на територијата на Русија, но и во внатрешноста на Украина. Во Волноваха сега живеат околу 16 000 граѓани.

Стратешкото значење на Волноваха го видов со свои очи, кога за време на нашето присуство таму од неколку различни правци низ Волноваха поминаа огромни воени колони на 58-та армија, како и на доњецката армија, поточно моторизирани единици, кои што се упатија на север на Доњецката област, во правец на Славјански, и на југ кон Мариупол . Во колоните можеа да се забележат тенковите Т-72Б и Т-72Б3, борбените оклопни возила БМП-3 и БМП-2, батерија на артилериските хаубици МСТА-М, командни возила, разните видови оклопни камиони Камаз и Урал, како и целата пропратна логистика за тие единици и техника. Од Волноваха се транспортираа и неколку оштетени тенкови Т-72Б на ремонт во Доњецк.

Во битката за Волноваха главниот товар на себе го зеле единиците на армијата на Доњецката Народна Република, а учествувале и единиците на Јужниот воен округ на Русија, поточно 58-та армија на Руската Федерација, пред се давајќи артилериска, разузнавачка и воздушна поддршка на единиците на доњецката армија. Од страна на Украина, во битката учество зеле единици на украинската армија, како и припадници на нацистичкиот баталјон Азов.

Доњецката и руската армија напредувајќи од две страни од страната на Доњецк без проблем ги уништиле првите одбранбени линии, огнени точки и утврдување на украинската армија и ги заобиколиле минските полиња во полињата и во околината на Волноваха. Вторите линии на одбраната на украинската армија се наоѓале во самата Волноваха, во зградите, домовите, како и во главната болница, која што се наоѓа на стратешка локација. Во нив украинската армија создала огнени точки, се со цел долготрајна одбрана. Тенковите и другата воена техника на украинската армија била разместени и криени околу зградите и домовите, се со цел истата да се заштити од дејството на артилеријата и авијацијата на руската армија. Одбранбена линија се наоѓала и во домовите на почетокот на Волноваха.

По првиот огнен контакт со украинската армија напредувањето на руската и доњецката армија било запрено, по што Волноваха била опкружена и блокирана според сите воени правила, и се пристапило кон чистење на градот, проследено со жестоки улични борби. Од страна на доњецката и руската армија главниот товар во уличните борби паднал на баталјонот за специјални операции “Спарта”, како и специјални единиците на руската армија составени од Чеченци. За да ги минимизираат загубите во војници и воена техника, доњецката и руската армија пристапиле кон користење на целата огнена моќ, пред се на артилеријата, поточно реактивната артилерија и авијацијата. Користена е и нова техника за урбани борби и борби во градски средини. Јуришни групи од 8 војници и специјалци биле покривани и штитени од еден тенк или борбено оклопно возило додека напредувале по улиците на Волноваха, и ги чистеле домовите и зградите систематски по ред од украинските војници кои што се бранеле. Тенковите и борбените возила покрај заштитата, на јуришните групи им пружале и огнена поддршка, и ги уништувале огнените точки на украинската армија во зградите и домовите. Беспилотни летала постојано летале над Волноваха. При секој посериозен отпор од страна на украинските војници и посебно на припадниците на Азов, на помош била повикувана артилеријата и авијацијата, која што била координирана со помош на беспилотните летала, кои што во реално време ги праќале информациите за позициите на украинската армија до командниот штаб на руската армија на терен, по што артилеријата и авијацијата го чистеле патот за ударните групи. Оваа тактика била користена за секоја улица, зграда или куќа. Како резултат на огромната предност во огнена моќ, пред се артилерија, авијација и тенкови, како и предноста во жива сила, доњецката и руската армија брзо успеале да го скршат отпорот на украинската армија и да ја ослободат Волноваха.

Во битката за Волноваха загинал командантот на баталјонот “Спарта”, Владимир Жога. Официјалните загуби од двете страни не се објавени, како и имињата на единиците од двете страни кои што учествувале во битката за Волноваха.

Со свои очи го видов големиот број на уништена воена техника по улиците и центарот на Волноваха и од двете завојувани страни, уништените домови и згради кои зборуваат за жестокоста на борбите во Волноваха.

Жителите на Волноваха кои што не биле евакуирани, се криеле во подземните скривници за време на битката за Волноваха, и со денови биле без храна, вода и греење.

Како резултат на жестоките улични борби, и пред се дејството на руската и на украинската артилерија, 80% од центарот на Волноваха е уништен. Голем дел од домовите и зградите ќе треба да се срушат и поново да бидат изградени во центарот. Но жителите на Волноваха иако без кров на главата и без јасна иднина, се оптимисти и велат дека најважно е да има мир, и дека тие повторно ќе го изградат својот сакан град, без разлика колку време на тоа ќе биде потребно. Започнато е со чистење на улиците од уништената воена техника, како и од урнатините, и започната е реконструкција на најважните инфраструктурни објекти.

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар



а

  • Ознаки
  • војна
  • Дарко Тодоровски
  • Русија
  • Украина

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Одбележана 157 годишнината од раѓањето на Македонскиот револуционер Ѓорче Петров во општината која го носи неговото име
Следна објава Онлајн конференција на дијаспората: Резултатите од Пописот, односно отписот
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 614
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 629
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 614
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 600
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 530
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 963
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 614
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 747
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 791
Жена на денот
Работната облека на Лаура Велс

Работната облека на Лаура Велс

560
Маж на денот
Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

1901
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1453
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201820
На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara
Матна Брегалница

На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara

Апр 23rd, 201919
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.