• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна
Репортажи

Како се храни руската армија во Украина?

април 6th, 2022 Колумна, Репортажи коментари 1077

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Како се храни руската армија во Украина?

Во Русија постои стара изрека, според која што војната е војна, но ручекот мора да биде даден во точно утврдениот рок. Повеќе од месец дена со несмален интензитет трае војната во Украина помеѓу Украина и Русија. Според официјална Москва, се работи за Специјална воена операција, а според официјален Киев, се работи за воена агресија од страна на Русија врз Украина. Според некои проценки, Русија на територијата на Украина има разместено повеќе од 150 000 војници, плус припадници на Националната Гарда, припадници на другите безбедносни служби и органи. Во тој број не се вклучени и силите на армиите на Доњецката и на Луганската Народна Република. Се работи за огромен број на војници и припадници на другите безбедносни служби кои што се распоредени на театрот на воени дејства во Украина, односно во разни оперативни зони. За нивно функционирање, потребна е огромна логистика на сите нивоа, а посебно кога се работи за храната. Покрај подвижните теренски воени кујни и пекарни кои што работат 24 часа за да ги нахранат големиот број на војници, офицери, припадници на Националната Гарда на Русија и другите безбедносни структури, војниците добиваат и посебен индивидуален пакет со храна и други производи секој ден. Може само да се замисли каква логистика, синхронизација и транспорт е потребен за сите војници, без разлика во која воена зона и позиција се наоѓаат, независно дали се во рововите, борбените возила и тенкови, на аеродромите, да го добиваат дневното следување на храна, поточно индивидуалните пакети со храна. Покрај за војниците, војничките теренски кујни и пекарни готват храна и спремаат оброци и за бегалците, како и за жителите на ослободените населени места и региони на Донбас.

На групата странски новинари ни беше кажано дека бидејќи деновите ќе ги поминуваме на терен на разни точки од регионот Донбас, наместо храна во ресторани или готвена храна, ќе добиваме готови индивидуални пакети војничка храна, каква што добиваат руските војници. Сите новинари со нетрпение чекавме да го добиеме својот пакет и со свои очи да видиме каква храна соддржат тие војнички пакети, и да ги отвориме пакетите и да ја пробаме храната. Од рацете на припадниците на Силите за специјални операции на Русија секој ден ни беа давани по еден пакет војничка храна. На пакетот стои знакот на Руската армија, дека се работи за индивидуален пакет со храна за еден ден, и дека истиот не е наменет за продавање. Пакетите со храна се изработуваат за рускиот Военторг, од страна на Грјазинската прехранбена компанија од градот Грјази, Липецката област.

Пакетите се со тежина од 2,1 килограм, и постојат 7 различни пакети со храна, во зависност од желбите и изборот на војниците. На пакетите се јасно е напишана енергетската вредност, калориска содржина, протеините, мастите како и јаглените хирдати на сите производи кои што влегуваат во индивидуалниот пакет. Вкупната вредност на протеините во разните производи во пакетот се движи од 110 до 120 грамови, во зависност од самиот пакет, од 252 до 264 грамови масти, а бројот на грамови на јаглените хидрати се движи од 412 до 430 грамови.  Во пакетите исто јасно е напишан и составот на таблектите, односно на витамини и минерали кои што ги соддржат. Во пакетите има рекомендации и правила за начинот на употреба на секој производ од пакетот. Секој пакет соддржи по 41 разни производи, од различни видови на храна, од готова храна која што треба да биде подгреана, до различни паштети, месни нарезоци и други производи од месо, пире од јаболка, џем од овошје, чоколада, до прибори за јадење, витамини, сол, шеќер и разни зачини, чаеви, кафе и млеко за кафе, специјални таблети за дезинфекција и прочистување на водата, гуми за џвакање па се до влажни и обични салфетки и прибор за подгревање на храната на отворен и затворен простор. Што соддржи секој индивидуален пакет од 2,1 кг? Наместо леб, секој индивидуален пакет соддржи 4 паковки различни армиски хранливи бисквити, од два вида. Во пакетот влегуваат неколку разни видови на паштети и конзерви, од кои една мала јетрена паштета од 50 грама (свинска или пилешка), паштета од мелено свинско месо од 50 грама, специјалитет под името војничка сланина од 100 грама, и кашкавал во конзерва од 80 грама. Овие паштети и конзерви кои што обично служат за појадок или вечера, плус специјални витамини кои што се конзумираат после појадокот. Од готвенатата храна која што треба само да се подгрее влегуваат по еден гулаш со пире од 250 грама, хељда со говедско месо од 250 грама, чорба од зеленчук од 100 грама, кофтиња од говедско месо во сос од 250 грама кои што обично служат за ручек и вечера. Конзервите со храна можат да се конзумираат и во обичен вид, или да бидат подгреани.

Покрај конзервите и паштетите, во пакетот со храна влегуваат и кондитерски производи, црна армиска чоколада од 30 грама, џем од овошје од 45 грама, како и пире од јаболка 100 грама. Во пакетот исто влегуваат и три разни видови на сокови за растварање, две ќеси со кофе за растварање, два црни чаеви, и две паковки на млеко во прав за кафињата, три ќеси со шеќер од по 20 грама, пет ќеси со сол, ќеса со црн пипер, десет гуми за џвакање, преносен мал комплет за подгревање на храната, ќибрит, три пластични лажици, пластичен ножб три обични салфетки, како и три влажни салфетки. Во пакетот се и три специјални таблетки за дезинфекција и прочистување на водата, бидејќи во услови на војна, постои можност водата да биде загадена, а и војниците да не можат да добијат шишиња со вода, па да мора да користат вода од реките или другите извори.

Како вистински гуру, на терен и во автобус, заедно со другите новинари, имав можност да ги пробам практично сите продукти кои што влегуваат во индивидуалниот пакет, од разните видови на паштети, па се до готовите конзерви. Дел од конзервите пробав во обичен вид, а дел подгреани. Се работи за вкусна и калорична храна, после која што човек е сит, и може да функционира. Посебно ми се допадна гулашот со пире, војничката сланина, ќофтињата од говедско месо во сос, кашкавалот во конзерва како и разните бисквите кои што се замена за лебот. Дел од производите не се произведуваат и не се продаваат кај нас на Балканот, па затоа ми беше посебно интересно да ги пробам.

Во разговорите со припадниците на Силите за специјални операции на Руската Федерација, како и со војниците, некои од нив изјавија дека храната во индивидуалните пакети без разлика на тоа што е вкусна и обемна, не им стигнува, бидејќи тие постојано се на терен, во движење и водење на воени дејства. Дел од војниците својата храна од индивидуалните пакети ја делат со жителите на ослободените населени места, кои што се во тешка хуманитарна ситуација, се додека не се нормализира и врати животот во нормала. Поради тоа, тие добиваат дополнителна храна за да можат нормално да ги исполнуваат своите војнички функции.

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар



  • Ознаки
  • војна
  • војска
  • Дарко Тодоровски
  • Колумна
  • Украина

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава За оние со празни животи
Следна објава Пратеникот Драган Ковачки учествуваше на едукативна конференција со млади ученици
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 563
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 571
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 569
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 548
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 475
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 901
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 573
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 711
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 704
Жена на денот
Галерија: Моника Белучи- убавина за сите генерации која трае

Галерија: Моника Белучи- убавина за сите генерации која трае

4294
Маж на денот
Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

2870
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4275
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Македонски народе обедини се! Нема слобода без револуционерна борба
Историски документи

Македонски народе обедини се! Нема слобода без револуционерна борба

Јун 2nd, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.