Градоначалникот на општина Виница Миле Петков во јавноста соопшти дека е во тек пролетна акција за чистење на сите неисчистени локации и мини депонии низ општината.
Притоа Градоначалникот Петков упати апел до граѓаните да придонесат со сопствен пример кон зачувување на чистотата и животната средина во Виница.
“И оваа недела продолжуваме со пролетната акција #ЗаЧистаОпштинаВиница.
Денес се чистеше на потегот од Турско маало до м.в. Дива Топола, се собираше отпадот покрај патот и се отстрануваше градежен шут, се изврши поткастрување и проширување на овој дел од патниот правец Виница-Градец.
Се чистеше и централното селско подрачје во Градец, каде воедно ја искористив приликата да остварам непосредни средби со месното население.
Апелирам до граѓаните кои живеат и гравитираат околу овој патен правец да не фрлаат ѓубре, градежен шут и друг вид на отпад, исто така ги охрабрувам граѓаните да пријават фрлање на отпад до општинските инспекциски служби на тел.бр. 033/361-945.”
-соопшти Миле Петков- Градоначалник на Виница.


