Денеска преку социјалните мрежи Министерот за земјоделие Љупчо Николовски пренесе радосна вест за тутунарите. Станува збор за објава дека директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој Никица Бачовски ги потпишал налозите за исплата на субвенциите на околу 20 илјади земјоделци кои се занимаваат со производство на тутун.
“
Ветувањето што го дадовме пред тутунарите го исполнуваме! Денеска директорот на Платежната агенција Nikica Bachovski ги потпиша сите налози и тие веќе се испратени до Министерството за финансии.
Веќе наредна недела 1.3 милијарди денари ќе бидат пуштени на сметките на околу 20.000 тутунопроизводители. Грижата за секој еден земјоделец продолжува, и во време на светска криза, подаваме рака таму каде е најпотребно, и работиме во интерес на земјоделците.
#МЗШВ#работа#ефикасност#резултати“
-напиша на социјалните мрежи Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.


