“Николовски и Бачовски,
Да се фалите со исплата на субвенции кои ги касните 3 месеци и кои пари инфлацијата ги изеде најмалку за половина е во најмала рака нечовечко.
А плус на тоа и покрај сите ваши фалби дека парите се резервирани, а да ви требаат 9 работни дена за да ги исплатите и во тие денови да ги терате тутунарите да се нервираат секој ден пред банки и да се надеваат дека можеби тој ден е нивниот среќен ден за да ги добијат заслужените пари, докажува само колку ги потценувате земјоделците и сте одлепени од реалноста а од вашето летање во облаците не сте ни свесни дека со оваа ваша изјава Вие несакајќи ја кажавте вистината :
ПАРИ ВО БУЏЕТОТ НЕМА!!!
Но затоа ОДГОВОРНОСТ ЌЕ ИМА!!!”
Извор: Цветан Трипуновски


