Денеска на прес конференција од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Светислав Васев, ја соопшти поразителната вест за ново задолжување на власта предводена од СДСМ. Новата Министерка за финансии популарно наречена Нина Групер, стави свој параф на ново задожување од 40 милиони денари што со минатонеделните 62 милиони денари станаа вкупно над 102 милиони денари задолжување на Владата за само една недела.
Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Светислав Васев од ВМРО-ДПМНЕ
Нина Ангеловска, по директна наредба на Зоран Заев денеска ја задолжи државата за нови 40 милиони евра. Со тоа за една недела задолжувањата достигнаа над 102 милиони евра.
Додека граѓаните тонат во сиромаштија, власта се расфрла.
Во време кога се најавува ново полнење на државната администрација со над 3000 вработувања како дел од коалицискиот договор помеѓу партнерите на власта, буџетот распидно се оптеретува.
Јавноста мора да знае дали парите од задолжувањето ќе се трошат за намирување на 3000 вработувања во државната администрација?
Дали граѓаните и голем број идни генерации ќе треба да го плаќаат полнењето на јавната администрација?
Доколку направиме една едноставна математика дека овие 3000 вработувања ќе земат основна нето плата од 25.000 денари доаѓаме до сума од над 14 милиони евра која што ќе треба државата годишно да ја одвојува само на име нето плата, несметајќи ги тука придонесите за пензиско и социјално осигурување, со нив бројката ќе биде многу поголема.
Попусти се сите обиди за поткуп на гласачите. Граѓаните не го одобруваат расипништвото на СДСМ.
Граѓаните бараат работа и чесен пристап.
Граѓаните и државата не се должни да ја трпат неодговорноста и неработата на власта. Потребни се предвремни парламентарни избори за пад на оваа ненародна власт.
-информираше Светислав Васев.