Кандидатот за градоначалник на општина Пехчево Д-р Александар Китански од редовите на ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи упати порака за заедништво и обединување на сите храѓани на Пехчево во насока за развој на општината.
“Пријатели, познајници, добри луѓе, без разлика на вера и националност. За развој на општината сте ми потребни сите. Овие денови ги посетуваме населените места во општина Пехчево. Наидувам на одлично гостопримство. После победата сите Вие ќе бидете добредојдени кај мене за да разговараме за секој Ваш проблем, предлог, сугестија.
Заедно можеме и ќе направиме многу повеќе од она што до сега е направено.
Драги пријатели, за да го реализираме ветеното ја барам Вашата поддршка. За да излеземе од сивилото потребни се промени!
За д-р Александар Китански за градоначалник
и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија!
Заокружи број 7!”
-напиша на фејсбук Д-р Александар Китански- Кандидат за градоначалник на Пехчево од ВМРО-ДПМНЕ.